Ударни пораки од претседателските избори

May 6, 2024
1 min read

„Нашиот претседател“ наспорти „Македонија повторно горда“, кој ќе ја добие довербата на граѓаните за нов шеф на државата ? Пендаровски кој е актуелен претседател и се бори за уште еден мандат или неговиот ривал по втор пат Силјановска Давкова?

Беше поразена од Пендаровски во 2019та година, а сега во 2024та, на резултатите од првиот круг претседателски избори кои се одржаа на 24 април, води со повеќе од гласовите кои ги освои актуелниот шеф на државата. Од 7те претседателски кандидати, Силјановска Давкова освои 363.085 гласови, додека втор, но далеку зад неа беше Стево Пендаровски од СДСМ со 180.499 гласа.

Сепак, според Уставот, ако во првиот круг од изборите ниту еден од кандидатите за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Па така вториот круг претседателски избори повторно ќе го трчаат старо-новите противници Сиљановска Давкова и Пендаровски. 

А вториот круг се одржува во среда на 8 мај – 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето. Доколку биде исполнет цензусот и биде избран претседател на државата, неговата инаугурација се очекува на 12 мај.

Претседателот е врховен командант на вооружените сили на Македонија. Според Уставот и член 83, шефот на државата ужива имунитет, а за одземање на имунитетот може да одлучи само Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Надлежностите на претседателот се го определува мандатот за состав на Владата, поставува и отповикува со указ амбасадори во странство, прима акредитивни и отповикливи писма на странските дипломатски претставници, предлага двајца судии на Уставниот суд, предлага двајца членови на Републичкиот судски совет, именува тројца членови на Советот за безбедност на Македонија, ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи. Шефот на државата е и претседател на Советот за безбедност.

Гласањето во среда ќе се оддржи на 3480 избирачки места. Започнува во 7 часот а завршува во 19 часот. Резултатите од гласањето се очекува да бидат познати најдоцна до полноќ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије испраќа најмногу помош во Газа

Следно

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

Latest from Blog

Божиќен куглоф

Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф. Состојки: 150 грама интегрално брашно 80 грама густин 50 грама мелени бадеми 1 прашок за

СДС „како змија нозе“ го избегнува одговорот на прашањето: Гради ли ЗОРАН ЗАЕВ облакодер во ДУБАИ?

Нов, мизерен обид на СДС да ја скрие вистината за неимарските афинитети во Дубаи поврзани со криминал во Македонија на нивниот лидер во сенка Зоран Заев. Се уште во неверица и паника

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарските ѓубриња

Американскиот претседател Доналд Трамп им посака на сите Среќен Божиќ на својот профил на социјалните мрежи, „вклучувајќи ги и радикалните левичарски ѓубриња“, осврнувајќи се на своите демократски противници, кои редовно ги обвинува
Go toTop