Ердоган: Туркије испраќа најмногу помош во Газа

May 6, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије е водечка земја во светот во помошта испратена за Газа, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

На собир во турската престолнина Анкара, Ердоган рече дека досега 50.000 тони хуманитарна помош се испратени во опколената енклава каде продолжуваат израелските напади.

„Благодарение на хуманитарната помош од 50.000 тони што досега ја испрати, Туркије е држава која испрати најмногу помош во Газа“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Туркије, заедно со владата, граѓаните и невладините организации, се истакнува како една од нациите што најефективно се справува со предизвиците поврзани со Газа.

Израел започна напад врз Појасот Газа како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе. Оттогаш во израелските напади врз Газа загинати се над 34.700 Палестинци, од кои повеќето жени и деца.

Речиси седум месеци по почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, 85 отсто од населението на енклавата е внатрешно раселено, и воведена е целосна блокада на храна, чиста вода и лекови, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Во привремената пресуда во јануари се наведува дека е „веројатно“ дека Израел врши геноцид во Газа и му е наредено на Тел Авив да ги запре таквите акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина

Следно

Ударни пораки од претседателските избори

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop