Бројот на загинати во поплавите во Бразил се искачи на 78, обилните врнежи продолжуваат

May 6, 2024
1 min read

МЕКСИКО СИТИ (АА) – Обилните врнежи од дожд и поплавите во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сол оставија 78 загинати и 105 исчезнати, соопшти локалната управа за цивилна одбрана, пренесува Анадолу.

Во последниот билтен на цивилната одбрана објавено е дека 844.673 луѓе се погодени низ поголемиот дел од државата. Како што се наведува, 134.331 лице морале да ги напуштат своите домови, 115.844 останале без покрив над главата, а 18.487 се во засолништа.

Воените, полициските и безбедносните сили спасија до 20.000 луѓе. Во акциите учествуваат околу 900 припадници на армијата, морнарицата, воздухопловните сили и „партнерските агенции“ со најмалку 30 хеликоптери, четири авиони, 866 возила и 182 чамци, како и 85 инженерски тимови.

Вчера, претседателот Луис Инасио Лула да Силва отпатува за Рио Гранде до Сол втор пат од почетокот на поплавите, ветувајќи дека ќе ги обнови патиштата уништени во поплавите.

„Нема да има бирократска пречка за да ја вратиме големината на оваа држава“, рече тој на прес-конференција.

„Во Порто Алегре со гувернерот на (државата) Едуардо Леите, сите нивоа на власт работат заедно во оваа вонредна ситуација. Ќе продолжиме да работиме заедно за обнова на регионите погодени од обилните врнежи од дожд“, напиша Лула на X.

Претседателот призна дека сојузната држава минува низ тежок период во финансиска смисла и вети ресурси од федералната Влада преку Министерството за транспорт за обновување на автопатите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Следно

Галант: Израел нема избор, мора да почне офанзива во Рафа

Latest from Blog

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави  израелскиот

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,
Go toTop