Во Тетово собраќајната култура многу ниска

May 4, 2024
1 min read

Нормално овој знак значи забрана за паркирање на овој простор, меѓутоа на некои места во Тетово, од страна на несовесни возачи, овој знак воопшто не се почитува и значи ништо, а автомобилите се паркираат точно каде што е поставен знакот.

Ова се повторува речиси на сите улици во градот, но посебно во споредните улици. Се паркираат на забранети места и на улиците до болницата и до оние кои водат до полициската станица. Често се блокирани и влезовите на зградите. Здравствените работници и пожарникарите кои реагираат во итни случаи велат дека често се случува да не можат да излезат набрзина, блокирани од паркираните автомобили.

„Хаосот што се создава во сообраќајот во Тетово, особено во овој момент, многу ја отежнува нашата работа. Познато е дека кога доцнат пожарникарите тоа значи материјална штета и човечки животи. Во Тетово полицијата мора да интервенира на места кои не се слободни, затоа апелирам до тетовската полиција да преземе мерки“, рече Авни Амети. началник на ППЕ Тетово.

„На терен ситуацијата е многу тешка за работа за нас како тим за брза помош, поради многу ниската свест на дел од граѓаните за тоа како се вклучуваат во сообраќајот, како се паркираат, како го зафаќаат патот. Сме имале многу итни ситуации каде што секоја секунда чини живот за пациентот, но наидовме на некои граѓани кои паркираат лошо и не прават место за амбулантното возило“, рече Бесник Мустафаи, доктор во Ургентно одделение.

Од полицијата велат дека и покрај казните кои граѓаните ги изрекуваат, сепак ги кршат правилата за сообраќај.

„Само од страна на припадниците во станицата во Тетово, во текот на четирите месеци се преземени 1350 мерки против прекршителите кои не ги почитувале правилата за паркирање. Во овој период од страна на пајак службата на општината беа подигнати 609 возила, што го попречиле нормалното одвивање на сообраќајот. Од наша страна, постојано се преземаат мерки, но свеста кај возачите воопшто не се зголемува“, нагласи Фатмир Реџепи, портпарол на СПБ Тетово.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат знаците на сообраќајот и да не ги блокираат патиштата./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кралица на трпезата: Направете ја денес највкусната погача за утрешниот велигденски ручек

Следно

По Зеленски распишана потерница и по Порошенко

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop