Украина е на работ

May 4, 2024
2 mins read

Неговото предвидување е дека Русија ќе продолжи со својот план кој останува непроменет од 2022 за освојување на цел Доњецк и Луганск, а очекува и некоја поголема акција за освојување на нешто позначително до Денот на победата или за време на посетата на Путин на Кина, една недела подоцна.

„Нашиот проблем е многу едноставен: немаме оружје. Секогаш знаевме дека април и мај ќе бидат тешки месеци за нас,“ објаснува генерал Скибитски.

Моментална главна грижа на Украинците е одбраната на Часив Јар, кој е клучна точка за напредување кон поголемите градови во Доњецк. Генералот предвидува дека и Часив Јар ќе го снајде слична судбина како Авдивка, која беше срамнета со земја од Русите „секако можеби не денес или утре но се зависи од нашите резерви и залихи.“

Во делови од фронтот русите успеаа и во пробивање на првата линија на украинската одбрана создавајќи истурени позиции од 25 километри квадратни кај селото Очеретине, во близина на Авдивка.

Скибитски порачува дека руската армија денес не е хаотичната организација од 2022, туку сега функционира како „едно тело со јасен план под единствена команда,“ но во исто време забележува дека денес има далеку послаби војници во споредба со обучените професионалци од почетокот на војната, од кои најголемиот дел загинаа.

Тој објаснува дека Русија се подготвува и со опрема и со луѓе за напад во регионите на Харкив и Суми, меѓутоа и нему и на Русите им е јасно дека силите со кои располага Москва не се доволни за освојување на Харкив, вториот по големина град во Украина со популација од 1,2 милиони луѓе.

Генералот смета дека мај ќе биде клучен месец за летниот дел од војната, во кој Русија ќе го искористи својот 3-слоен план за дестабилизирање на земјата.

Прво и главно се нападите на украинската армија која треба да чека уште неколку недели за американската воена помош да стигне до фронтот. Дури и кога ќе стигне таа нема да може да парира на руската залиха на гранати или да обезбеди ефикасна заштита од руските бомби.

Втора мерка ќе биде дезинформациска кампања насочена кон поткопување на украинската мобилизација и политичката легитимност на Зеленски, чиј мандат, по неодржаните претседателски избори, правно завршува на 20 мај, иако Уставот дозволува неограничено продолжување во случај на војна.

Третиот слој ќе бидат продолжените руски напори за меѓународна изолација на Украина, на секој можен начин.

И Скибитски признава дека Украина има проблем со мобилизирање на нови регрути и стравува дека присилно мобилизираните ќе бидат немотивирани војници кои ќе се одразат на моралот во рововите на украинскиот фронт.

Негова процена е дека Украина нема начин како да ја добие војната само на военото поле, објаснувајќи дека дури и да успеат целосно да ја избркаат руската армија од Украина, тоа нема да ја заврши војната, бидејќи вакви војни завршуваат само со мировни преговори. Скибитски смета дека сериозни преговори би можеле да почнат во втората половина на 2025.

„До тогаш Русија ќе се соочи со сериозни проблеми. Руското воено производство се прошири но до почетокот од 2026 ќе достигне плафон, заради недостаток на материјали и инженери.

И на двете страни со тек на време ќе им снема оружје. Меѓутоа ако ништо не се промени, прво ќе и снема на Украина,“ пишува Економист.

За генералот главен фактор што може нешто да смени е Европа, која ако посериозно не и помогне на Украина и не го зголеми трошењето на одбрана, ќе се најде на мета на Русија. За Скибитски членот 5 на НАТО за колективна одбрана нема многу да им заврши работа на членките на ЕУ, бидејќи „Русите ќе го освојат Балтикот за седум дена, а времето на реакција на НАТО е десет дена.“

„Украинската храброст и пожртвуваност и дадоа неколкугодишна предност на Европа, со тоа што ја отстранија заканата од некогаш застрашувачките руски воздушни сили и пешадија во следната деценија. Прашањето е дали Европа ќе возврати на услугата со тоа што ќе ја држи Украина во игра,“ пишува Економист.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије се искачи на 4. место во Европа според проектите на странски инвестиции

Следно

„Во Израел нема човечност“, изјави неодамна ослободен Палестинец

Latest from Blog

Атанасоски во 24 анализа: Без разлика кој е на власт кај нас за жал никогаш не се прифаќа предлог-закон од опозиција

Политичкиот аналитичар Благоја Атанасоски во 24 анализа рече дека, семејствата на жртвите во трагедијата „Пулс“ во Кочани вината за пожарот ја бараат кај политичките партии кои наизменично ја воделе државава. Според него,

Сирискиот претседател ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на санкциите

ИСТАНБУЛ (АА) – Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара во среда ја поздрави смелата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за укинување на долгогодишните санкции за Сирија, нарекувајќи ја пресвртница за иднината на земјата,

Јадеме ли квалитетно месо? Одговара Ѓорѓиевски во „Бизнис 21“

„Месото кое го произведуваат домашните производители е здраво за јадење“. Ова го кажа Бојан Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на производители на свежо месо „Македонско прасе“ во емисијата „Бизнис 21“. „По укажување на

Капело: Јамал не е генијалец, далеку е од Меси и Марадона

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, кој во кариерата ги водеше Јувентус, Милан и Реал Мадрид, го коментираше талентот на младиот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал. Трофејниот стручњак ја спушта топката по глобалната

„Доколку Путин дојде во Истанбул, тоа симболично ќе значи многу“, изјави холандскиот експерт Смитс

АМСТЕРДАМ (АА) – Селман АКСУНГЕР Холандскиот историчар и експерт за Русија, Хуберт Смитс, ја пофали посредничката улога на Турција во мировните преговори меѓу Русија и Украина што ќе се одржат утре во
Go toTop