Во израелските напади во Газа загинаа уште 26 Палестинци, билансот достигна 34.622

May 3, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 26 Палестинци загинаа, а 51 се повредени во изминатите 24 часа во израелските напади врз опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.

„Израелската окупација (сили) во изминатите 24 часа изврши три масакри врз семејства во Појасот Газа, оставајќи 26 загинати и 51 повреден“, истакна Министерството.

„Многу тела сè уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Непочитувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападот врз Појасот Газа каде што од 7 октомври досега загинати се вкупно 34.622 Палестинци, главно жени и деца, а 77.867 се повредени, според палестинските здравствени власти.

Израел започна воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 лица.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

Меѓутоа, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораките на помош и понатаму се недоволни за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тага, солзи и цвеќиња за помен: Србија одбележува една година од масакрот во „Владислав Рибникар“ (ВИДЕО)

Следно

Борел: Новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде

Latest from Blog

Валверде после тепачката заминува во Премиер-лига?

фото: Elite Futbol Talk | EFT (X) Манчестер Јунајтед размислува за изненадувачки трансфер за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, чија иднина во шпанската престолнина стана многу неизвесна. Уругвајскиот

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри
Go toTop