Осигурителните компании со реакција: Разочарани се од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации

May 3, 2024
2 mins read

Осигурителните компании се јавија со реакција по повод одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста.

Тие велат дека комисијата за Автомобилска одговорност донела одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

Тие се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати регулаторот АСО а врз основа на кои Комисијата ја намали цената на авто одговорноста.

Во продолжение целата реакција:

„Денешната одлука на Комисијата за АО при МФ за враќање на цените на АО претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците.

И ако Комисијата за автомобилска одговорност тврдеше дека сака да донесе објективна и транспаретна одлука базирана на конкретни параметри, сепак истата се базираше единствено на пристрасните тврдења и непрофесионални квалификации доставени од регулаторот АСО.

Регулаторот на осигурителната индустрија меѓу другото треба да се грижи и за стабилноста на осигурителниот сектор и за угледот на компаниите кои ги регулира. АСО преку презентирање на неточни анализи и давање на квалификации за индустријата и начинот на нејзиното работење директно го нарушува угледот на сите осигурителни компании, и нивните “мајки” странските компании.

Регулаторот треба да работи во насока на зацврстување на осигурителната индустрија преку поддршка на нивните напори да ги заштитат осигурениците, преку креирање на солидно ниво на солвентност и ликвидност кое секако доаѓа само преку профитабилно работење. Во спротивност, се создаваат услови за нестабилност во финансискиот сектор – нешто што никој не го посакува.

АСО излезе со анализи во насока на докажување на неоправданоста на донесените одлуки за зголемување на делот за вршење на дејноста на осигурувањето за автоодговорност. Врз основа на овие анализи Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука за воспоставување на максимален износ за делот на вршење на дејноста со што ги врати цените на ниво пред покачувањето. Анализите на осигурителната индустрија не беа воопшто земени во предвид.

Осигурителната индустрија оваа анализа не ја прифаќа и смета дека е погрешно поставена и пристрасно изработена со цел докажување на однапред определено мислење и намалување на цената за АО.

Неточноста на анализата се базирана на следните факти

1. Анализата е направена комбинирано за автоодговорност, Зелена Карта и Гранично осигурување а не само за автоодговорност – која е предмет на промените

2. Анализата се фокусира на докажување на издржливоста/доволноста на техничката премија а не на делот за вршење на дејност – кој е предмет на промените

3. Анализата не ги зема во предвид резервираните штети и не прави проекција на инфлаторното влијание врз истите во наредните години -што е клучно за бизнис со долга опашка односно сервисирање на нематеријаните штети на долг рок

4. Анализата не го зема воопшто во предвид делот за вршење дејност и е непоткрепена со актуарски пресметки и проекции за трошоците

5. Анализата содржи паушални интерпретативни одредби и тврдења базирани на мислење, а не на факти

РСМ е една од ретките држави каде државата сеуште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар.

Со донесената Одлука од страна на Комисијата за Автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100% државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија“, велат од Друштвото за неживотно осигурување.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кого ќе поддржи Европскиот фронт за претседател? – Ова е нивниот став

Следно

Тага, солзи и цвеќиња за помен: Србија одбележува една година од масакрот во „Владислав Рибникар“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop