Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на 15-тиот самит на Организацијата за исламска соработка

May 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, оваа недела ќе присуствува на 15-тиот самит на Организацијата за исламска соработка во Банџул, главниот град на Гамбија, соопшти денес турското Министерство, јавува Анадолу.

Настанот ќе се одржи утре и задутре (сабота и недела), соопштуваат од Министерството за надворешни работи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на телефонскиот разговор со неговиот гамбиски колега Адама Бароу вчера рече дека е важно исламскиот свет да дејствува во единство за да ги запре нападите на Израел врз Газа, и се надева дека одлуките што ќе бидат донесени за време на самитот ќе резултираат со поволни случувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Организаторите на Евровизија забранија палестински знамиња на настанот

Следно

Истрагата за местење натпревари во ФФМ под превезот „тајна“

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop