Сандерс: „Време да се фокусираме на Газа, а не само да се грижиме за насилството во кампусите“

May 2, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот сенатор Берни Сандерс вчера изјави дека вниманието треба да се насочи кон војната на Израел во Појасот Газа, а не на пропалестинските протести низ американските универзитетски кампуси, пренесува Анадолу.

„Време е да не се грижиме само за насилството што го гледаме во кампусите на американските колеџи, туку и да се фокусираме на насилството без преседан што го гледаме во Газа, каде што се убиени 34.000 Палестинци, а повеќе од 77.000 се ранети, од кои 70 отсто се жени и деца“, рече Сандерс во обраќањето пред Сенатот.

Универзитетот Колумбија во Њујорк е во фокусот на студентските протести од април, кои се проширија на десетици универзитети и колеџи низ САД, изразувајќи противење на израелската војна во Газа.

„Предлагам Си-Ен-Ен и можеби некои мои колеги тука да ги тргнат своите камери, само за момент, од Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Калифорнија. Можеби да одите во Газа и ни ги покажете изнемоштените деца кои умираат од неухранетост поради политиката на Нетанјаху. Покажете ни ги децата кои ги загубија рацете и нозете. Покажете ни го страдањето кое се случува таму“, изјави Сандерс.

Осврнувајќи се на протестите низ кампусите на американските универзитети Сандерс рече дека ги осудува сите форми на насилство, без разлика дали од оние кои ја поддржуваат воената политика на Израел или оние кои се противат, додавајќи дека сите форми на нетрпеливост во САД мора да бидат осудени и елиминирани.

„Гледаме раст на антисемитизмот во оваа земја, кој сите мораме да го осудиме и да работиме да го запреме. Гледаме и раст на исламофобијата во оваа земја, која сите мораме да ја осудиме и запреме“, додаде тој и повтори дека „не е антисемитско“ да се сметаат Нетанјаху и неговата влада одговорни за своите постапки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ доби жестоки критики по изјавата дека „40 часа работа се малку“ и дека треба да се работи подолго неделно

Следно

Француски експерти: Децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години

Latest from Blog

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е
Go toTop