Ако не Охрид, Албанија и Црна Гора ќе ги пречекаат туристите со стари пасоши

May 2, 2024
3 mins read

За после 15 јуни не ме ни прашувајте, место нема, ни рече сопственик на апартмани за издавање во Охрид, при обид на крајот на април да резервираме неколку дена одмор за термин на почетокот на јули.

„Се ми е полно, веќе е резервирано преку „букинг“. Терминот од Од 29 јули до 5 август е пополнет уште пред два месеца. Може евентуално да се најде нешто за после 15 август“, ни рече сопственикот кој издава апартмани на повеќе локации во Охрид.

Тој вели дека пред почетокот на летната сезона, има зголемен број резервации од домашни туристи, кои не извадиле нов пасош или не се сигурни дека ќе го добијат навреме за да летуваат во други држави.

Сепак, тој број не е доволен да го „наполни“ Охрид чиј успех во сезоната повторно ќе зависи од бројот на странци што ќе го посетат, велат туристички работници.

Според последните информации од Министерството за внатрешни работи, заклучно со 17 април 2024, за пасоши со новото име на државата се фотографирани 1.524.118 граѓани.

Заклучно со истиот датум, фотографирани се и 1.267.888 граѓани за нови лични карти, информираа од МВР за Радио Слободна Европа (РСЕ). Но од МВР не ја соопштуват бројката на вкупно издадени документи.

Новите лични документи се обврска од Преспанскиот договор потпишан со Грција и по 12 февруари без нив не може да се патува во странство, со исклучок на некои држави од регионот кои дозволија влез со важечка лична карта. Меѓу нив се и Албанија и Црна Гора, чие море и туристичката понуда се привлечни и за македонските туристи.

Одморот поскапува – цените повисоки од лани

Според соговорниците со кои разговаравме, а кои издаваат сместување, цените во Охрид за просечно опремен апартман за четиричлено семејство се движат од 40 до 60 евра и повеќе, за ноќевање во јули и во август.

Ноќевање во истите апартмани за велигденските празници е околу 30 евра. За велигденските празници отсега се направени многу резервации во Охрид, според сопствениците на апартмани и станови за издавање.

Во Дојран, ноќевање за Велигден во апартман се нуди за околу 1.800-2.000 денари. Тука уште можат да се најдат слободни места за празниците.

На Преспа, според соговорниците од туристичките агенции, ѝ се потребни еден-два поголеми туристички капацитети и поголема промоција како туристичко место што вреди да се посети. Интересот за таму е послаб.

Цените на сместување за годинешниов летен одмор се повисоки од лани како во Северна Македонија, така и во Грција, а особено во Турција, велат од туристичките агенции.

Домашните капацитети од сега се полни со странци кои ние ги носиме, вели Дончо Нацев од туристичката агенција „Арбо травел“. Тој вели дека годинашниов летен одмор ќе биде поскап од ланскиот бидејќи цените растат и кај нас и во регионот.

„Цените годинава се повисоки за околу 20 отсто и во Грција и во Македонија. Дури и најевтиниот туризам, сместувањето во апартмани, ќе чини поскапо. Во цените на храната во малопродажбата и нема некоја разлика, но поскапени се патараините, Грција најавува нови давачки за туристите“, вели Нацев.

Тој смета дека домашните туристички места (особено Охрид) има многу нови легла и имаат капацитет да ги згрижат домашните туристи, доколку решат да летуваат дома.

Но, според него, алтернативна можност се Црна Гора и Албанија, во кои што може да се патува и со стари лични документи. Особено Албанија оваа година ќе биде топ дестинација и за нашите туристи и за странците, вели Нацев.

Според Агенцијата за туризам на ОН, во 2023 година, Албанија беше на четврто место во светот во однос на највисок процентен пораст на меѓународните туристички пристигнувања, забележувајќи раст од 56% во споредба со 2019 година. Албанија во 2023 година пречека над 10 милиони туристи.

Во Охрид цените „скокнале“ за 20 отсто

Од охридската агенција „Интер травел“ велат дека цените на хотелското сместување се зголемени за 10-20 отсто и во Охрид и на другите дестинации каде најчесто летуваат Македонците.

„Уште од Нова година охридските хотели имаат склучени договори за странски оператори и повеќето се веќе резервирани. Нашите туристи резервираат за приватно сместување, за јуни, јули, со надеж дека дотогаш ќе добијат пасоши. Цените се повисоки од лани. на пример, во Турција, ако еден одмор за четиричлено семејство во хотел со 5 звезди лани чинеше 1.600 евра, сега истиот е 1.900 евра“, велат од „Интер травел“.

И цените на угостителските услуги во март 2024 година се зголемени за 6 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците Државниот завод за статистика.

Минатата година Северна Македонија ја посетиле 734.139 странски туристи, а истовремено се евидентирани 434.591 домашен турист. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2023 вкупниот број на туристи е за 20,6 проценти поголем отколку во 2022 година. Притоа, бројот на домашните туристи е речиси ист, односно зголемен за 0,6 проценти, додека бројот на странските туристи е зголемен за дури 36,6 насто.

Во моментов, најголемиот број туристи сепак доаѓаат од соседството – Турција, Србија, Албанија, Бугарија и Косово.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хороскоп: Има многу добри предиспозиции за Близнаците, а Лавот со зголемен број на обврски

Следно

Вучиќ доби жестоки критики по изјавата дека „40 часа работа се малку“ и дека треба да се работи подолго неделно

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop