САД: Хаос на Универзитетот Калифорнија, се судрија пропалестинските демонстранти и контрадемонстрантите

May 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – На Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес (UCLA) доцна синоќа избувнаа насилни судири во пропалестинскиот камп во универзитетскиот кампус, кои траеја повеќе од 90 минути до раните утрински часови, пренесува Анадолу.

Според Еј-би-си 7 Ајвитнес њуз (ABC7 Ewitness News), судирите, во кои тепачките ескалирале и барикадите се користени како оружје, започнале нешто пред 23 часот по локално време кога група контрадемонстранти го опколиле пропалестинскиот камп во кампусот.

Врз кампот бил фрлан пиротехнички материјал, а бројот на повредени засега е непознат.

Како одговор на случувањата, полицијата на кампусот за Ајвитнес њуз потврдила дека реагирала на местото на настанот.

„Вечерва во кампот се случи ужасно насилство и веднаш ги повикавме органите на редот. Противпожарната служба и медицинскиот персонал се на местото. Смачено ни е од ова бесмислено насилство, и тоа мора да сопре“, истакна Мери Осако, заменик ректорката за стратешки комуникации на Универзитетот Калифорнија.

Градоначалничката Карен Бас разговарала со ректорот на универзитетот, Џин Блок, и привремениот шеф на полицијата на Лос Анџелес, Доминик Чои.

„Полицијата веднаш реагираше на барањето на ректорот Блок за поддршка во кампусот“, напиша портпаролот Зак Сеидл на социјалните мрежи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Прогресивен, рамен и олигархиски данок, каква реформа е во игра за изборите?

Следно

(ВИДЕО) Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 загинати

Latest from Blog

Општинскиот штаб во Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината
Go toTop