„Одбиени 55 руски напади врз неколку села во источниот регион Доњецк“, објави украинската армија

April 29, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Украинската армија објави дека одбила 55 руски напади врз неколку села во источниот регион Доњецк, еден ден откако призна дека ситуацијата на источниот фронт се влошува, јавува Анадолу.

Украинската армија успеа да ги одбие нападите и во подрачјето на селото Охеретин, каде што вчера беше забележано силно гранатирање.

Селото Охеретине се наоѓа северно од Авдиевка, која беше заземена од руските сили во февруари. Оттогаш тие навлегоа уште подлабоко во регионот на Доњецк.

Уште појужно, украинските сили продолжуваат да се борат со руската армија, вклучително и во близина на градот Красногоривка.

Од Киев беше соопштено дека руски војници со поддршка на воздухопловните сили најмалку 15 пати се обиделе да ја пробијат одбранбената линија.

Красногоривка, на околу 20 километри западно од Доњецк, служеше како упориште за украинските сили и стана поранлива по падот на блиските градови Маринка и Авдиевка.

Врховниот командант на украинската армија Олександр Сирски објави дека неговите трупи се повлекле во новите одбранбени линии позападно во некои подрачја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина

Следно

Белгиски суд го закажа првото сослушување за случајот „Фајзергејт“

Latest from Blog

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер

Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата.

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Разликата во квалитетот на животот меѓу Македонија и Европската унија сè појасно се отсликува преку еден од најважните показатели – очекуваниот животен век. Најновите податоци покажуваат дека граѓаните во земјава живеат речиси
Go toTop