САД: Полицијата во Лос Анџелес интервенираше против пропалестинските демонстранти

April 25, 2024
1 min read

ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) – Повеќе лица се уапсени за време на пропалестинските протести на Универзитетот „Јужна Калифорнија“ во Лос Анџелес, Калифорнија, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

Полицајците интервенираа за време на студентските протести против израелските напади врз Газа.

Израел, обвинет за геноцид, започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Бројот на загинати Палестинци во нападите на израелската војска врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се искачи на 34.262.

Војната во Израел принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа на внатрешно раселување, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите

Следно

Венеција од денеска наплатува влез за туристите

Latest from Blog

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни
Go toTop