Косововска опозиција: Извештајот на Стејт департментот стави печат на неспособноста и корумпираноста на Владата

April 23, 2024
1 min read

Издвојувајќи дел од извештајот каде што се вели дека има сериозна владина корупција, ЛДК во денешното соопштение оценува дека Стејт департментот ставил печат на неспособноста и корупцијата на Владата.

– ЛДК во континуитет ги нагласува … сомнежите за корупција од страна на Владата, вклучително и стотици тајни тендери кои оваа влада ги има потпишано, вредни над 240 милиони евра. Значи има пропаганда и нема борба против корупцијата, како што тврди Владата на Косово, а тоа го потврди и извештајот на Стејт департментот, се вели во реакцијата.

Опозициската партија го повика Обвинителството да ги третира сите изнесени грижи, барајќи законот да се спроведува „без никакви пречки и сериозно да се истражат сомнежите за корупција и неодговорност на власта“.

– ЛДК е посветена да продолжи да го крева гласот во одбрана на нашите институции од корупцијата што ја инсталира оваа Влада. И ЛДК ќе ги искористи сите институционални механизми одговорните за нивните постапки да се најдат пред законот. Косово заслужува чиста и праведна влада за сите негови граѓани и ние сме решени да работиме за остварување на оваа цел, се вели во реакцијата.

Во извештајот на Стејт департментот за човекови права се наведува дека во текот на 2023 година немало значителни промени во состојбата со човековите права на Косово.

Меѓу најважните забелешки во однос на човековите права се оние за сериозни проблеми со независноста на судството, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и преку насилство или закани врз новинари, сериозна владина корупција, широко распространето родово насилство, вклучително насилство во семејството или врз партнерите, како и насилни злосторства или закани за насилство врз етничките малцинства и другите заедници.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува

Следно

Газа: Татко со песна меѓу урнатините се обидува барем на момент да ги оддалечи децата од суровата реалност

Latest from Blog

Скандал: САД не им даде визи на фудбалери кои треба да играат на Светското првенство!

фото: ESPN Centroamérica (X) Фудбалската репрезентација на Ирак би можела да се соочи со огромен проблем пред да оди на Светското првенство. Најновата информација е дека Соединетите Американски Држави одбиле да издадат

Димитриеска-Кочоска за МИА: Буџетот останува насочен кон економски раст и поддршка

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од
Go toTop