Битката со дезинформации е убав бизнис

April 22, 2024
2 mins read

Дезинформациите станаа тема дури во 2016-та година, после победата на Трамп, а дополнително беа актуелизирани за време на пандемијата.

Google Trends покажуваат дека глобалните пребарувања на тој термин четирипати се зголемиле меѓу јуни и декември 2016 година, а до 2022 година дури 30 пати.

Ова создаде пазар за досетливи старт-апи и компании кои се нудат како специјалисти за откривање дезинформации. Денес, постојат стотици организации кои го тврдат ова, обезбедувајќи секакви услуги за „проверка на факти“, меѓу кои се моќни рејтинг агенции како ГДИ и Њузгард.

Овие компании делуваат како невидливо „обезбедување“ во рамките на огромната машинерија на онлајн рекламирањето.

Како тоа функционира? На пример, компанија планира рекламна кампања, има стратегија, има одредено канали за комуникација и рекламирање но листата на посакувани сајтови прво ја дава кај овие како ГДИ и Њузгард да проверат дали тие се „безбедни“ за нивниот бренд. Овие агенции имаат индекси, рејтинг листи и сл, на кои, ако се најдеш, бизнисот сериозно ти е загрозен (за среќа, овдешните факт-чекери сами  себе толку се имаат девалвирано што никој не ги есапи; а и мала земја сме, па се знаеме).

Пред неколку месеци, на црната листата на ГДИ се најде и порталот Unherd (врло поштен и но булшит сајт), како еден од оние кои шират „дезинформации“ и би требало да се бојкотирани. Побарале објаснување па добиле имиња на неколку нивни автори заради кои се нашле на листата. А меѓу нив, една Кетлин Сток, чии колумни се во трка за National Press Award, ама ја дефинирале како автор кој важи за „истакната родово-критична феминистка“ (небаре родовата критика  е забранета и опасна).

Според индексот за дезинформации на ГДИ, огласувачите би требало да одвојат само меѓу 2 и 6% проценти од буџетот за нивната публика. Заради контраст, кај ривалската Њузгард Unherd имаат рејтинг за доверба од 92,5%, што само покажува колку паушални, арбитрерни и субјективни се таквите рејтинзи.

Некои работи стануваат малку појасни ако се види кој тоа го финансира. Во случајот со ГДИ тоа се Сорос, британската влада (преку FCDO) Европската Унија, германското министерство за надворешни работи и едно тело кое се вика Disinfo Cloud, создадено и плаќано од Стејт Департментот.

Накратко, агенции спонзорирани од држава/ држави, цензурираат новинарство.

За да изгледа дека имаат повеќе работа, во меѓувреме ја „еволуираа“ темата со која се бават. На почетокот, дезинформациите беа најнормално дефинирани како „намерно лажни содржини дизајнирани да измамат“. Ама подоцна се зафатија со сè што може да го оценат како „антогонистички наратив“.

Основачката на ГДИ, Клер Мелфорд, во интервју од 2021 година објасни дека оваа проширена дефиниција е „покорисна“, бидејќи им овозможила да одат подалеку од проверката на фактите и да таргетираат сè што е на интернет а што тие сметаат дека е „штетно“ или „разделува“:

„Многу дезинформации не се сведуваат само на тоа дали нешто е точно или лажно. Така се избегнува проверката на фактите. Нешто може да биде фактички точно, но сепак крајно штетно…“

Ете, така им сече паметот. Само треба да пресудат дека вашиот став може да биде штетен и ете ве на нивната црна листа.

За среќа, битката не е предадена и многу медиуми ги тужат, на основа на спречување на слободата на говорот. Компанијата Оракл лани најави дека ја прекинува соработката со ГДИ.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изборните неработни денови „главоболка“ за родителите и приватниците

Следно

Интер вечерва против Милан за заверка на титулата, Италијанците не стравуваат од навивачки судири

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop