(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе евакуирани поради поплави во Кина

April 22, 2024
1 min read

Речиси 60 илјади луѓе се евакуирани од нивните домови во кинеската провинција Гуангдонг откако неколкудневните обилни врнежи од дожд предизвикаа големи поплави во најнаселената провинција во оваа земја, пренесува Би-би-си.

Единаесет лица, според британскиот национален сервис, се водат како исчезнати, а досега нема информации за жртви.

На снимките што ги пренесуваат кинеските државни медиуми, како и оние на социјалните мрежи се гледаат големи површини под вода и спасувачи како со чамци пренесуваат луѓе.

Неколку големи реки се излеани од коритата, а кинеските власти, според извештаите, внимателно го следат, како што се наведува, високиот водостој на реките.

Властите предупредуваат дека нивото на една од реките во северниот дел на Гуангдонг би можела да го достигне својот врв, што се случува еднаш во 100 години. Тоа, се наведува, може да се случи до денеска претпладне.

Имено, голем дел од оваа провинција лежи во ниската делта на реката Перл, која е подложна на поплави поради излевања кај нејзиниот слив, пораст на морското ниво и морски бури.

Делтата на оваа река е една од главните производствени бази на Кина и еден од најгусто населените региони во земјата, во кој само Гуангдонг е дом на околу 127 милиони луѓе.

Главниот град на провинцијата Гуанџу, како и помалите градови Шаогуан и Хејуан се меѓу најтешко погодените од поплавите, пренесува Би-би-си.

Поради обилните врнежи од дожд и поплавите, околу 1,16 милиони домаќинства во текот на викендот останале без струја. По интеренцијата на надлежните служби снабдувањето со електрична енергија е повторно воспоставено за околу 80 отсто од засегнатите домаќинства.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светските воени трошоци во 2023 година достигнаа рекордно ниво од 2,44 билиони долари

Следно

Ердоган пристигна во официјална посета на Ирак

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop