Карапејовски во СТУДИО 10: Нам ни требаат вистински луѓе на вистинско место, сузбивање на корупцијата и Европската Унија

April 22, 2024
2 mins read

Доаѓа време луѓето не само да зборуваат туку и да покажат што знаат и што умеат, а тоа свое знаење да го канализаираат во политиката за да постигнеме да имаме подобро општество. Во последните 30 години политичките структури не го постигнаа она што им треба на граѓаните и затоа го формиравме овој политички субјект, ЗНАМ, главно со луѓе кои не биле активни политички чинители, вели доц. д-р Бобан Карапејовски, носител на листата на ЗНАМ во ИЕ1, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Луѓето сакаат да се дистанцираат од политика затоа што политиката кај нас се поврзува со политички партии. Оти од друга страна, припадноста на политички партии се покажа како пожелно за остварување на лични интереси, како што се вработувања на пример, вели Карапејовски.

Тој додава дека моралот и доследноста мора да се вратат во политиката, а целта на ЗНАМ е да покаже дека е тоа можно, дека во политиката има и чесни луѓе, професионалци во своите професии и луѓе кои си стојат на зборот.

ЗНАМ има четири глани столба. Економијата е клучен столб, вели Карапејовски, а ставот на ЗНАМ е дека не може Македонија да се потпира на увоз на енергија и да не може самата да си обезбеди храна, а тоа може да се промени. Исто така, ЗНАМ се залага не само за зачувување на јазикот како патриотски чин, туку и за реформирање на образовниот и здравствениот систем. 

– Нашата политика во моментов е како скеч, никој не е на позиција за која е компетентен, вели Карапејовски.

Карапејовски додава дека главната болка на Македонија е корупцијата и дека мора да се направат системски решенија кои ќе бидат добро обмислени од вистински луѓе за секоја област и на крајот ќе дадат резултат. Нам ни е потребна помош за рестартирање на системот и затоа ЗНАМ се залага за евроинтеграции.

Во однос на уставните измени, Карапејовски вели дека вака како што се поставени се неприфатливи затоа што ако ги внесеме сега Бугарите во Уставот не знаеме што потоа во текот на процесот ќе бара Бугарија – дали тоа ќе бидат точките од декларацијата што ја донесе бугарското собрание. ЗНАМ предлага и Бугарите и сите други заедници да влезат во Уставот, но со одложена примена, кога ќе влеземе во ЕУ, за да не се соочуваме повеќе со барања од соседите.

– Ние потпишуваме асиметрични договори во кои даваме многу, а добиваме помалку. Бугарија може да признае дека во Бугарија живее население кое се чувствува како Македонци, секако нема потреба да се внесе тоа во нивниот устав оти не е така структуиран, но може на оние кои се чувствуваат како Македонци да им се признае правото да се чувствуваат така и да се организираат за негување на тој идентитет, вели Карапејовски.

Карапејовски вели дека Македонците се повеќе во својата земја се чувствуваат како граѓани од втор ред оти тие немаат друга држава како припадниците на заедниците што живеат во Македонија. И затоа, вели Карапејовски, треба да се најде решение да се зачува македонското достоинство и идентитет, а притоа да се почитуваат правата на сите граѓани, па како такви да го изодиме патот до членство во ЕУ.

– Сите оние структури што досега биле на власт знаеме, сме виделе, дека биле вмешани во корупција, а тоа го потврдуваат и сите извештаи поради што ние се  вртиме во круг. Затоа во ЗНАМ има луѓе кои не биле во тие структури. Ние се залагаме за ригорзно казнување на корупцијата, а сме против донесените измени на Кривичниот законик со кои практично се амнестираа многу корумпирани луѓе. Наш предлог е да нема застарување на вакви дела, а казната да биде минимум 10 години, вели Карапејовски.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во рускиот град Вороњеж гори голема фабрика

Следно

Тухел во преговори со Манчестер јунајтед?

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop