Американската база во Сирија нападната со беспилотни летала и ракети

April 22, 2024
1 min read

ТАЛ АБЈАД (АА) – Базата во која се стационирани американските сили во североисточна Сирија беше нападната доцна синоќа, јавија локални извори, пренесува Анадолу.

Базата на аеродромот Караб ал-Џир во градот Ал Ја’рубијах во покраината Ал Хасека била цел на неидентификувани беспилотни летала и ракети камиказе.

Засега нема официјална изјава за нападот.

Терористичките организации поддржани од Иран, стационирани на западниот брег на реката Еуфрат, извршија ракетни напади врз базата на меѓународната коалиција предводена од САД во нафтеното поле Ал-Омар во сирискиот Гувернат Деир Ез-Зор на 28 февруари.

Во последно време американските воени бази во Сирија беа нападнати од неидентификувани вооружени беспилотни летала и оружје од типот „земја-земја“.

Групите поддржани од Иран повремено изведуваат напади со ракети и беспилотни летала врз американските бази на источниот брег на реката Еуфрат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Следно

Последна сесија на Европарламентот пред европските избори

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop