Јунајтед испушти 3:0 против Ковентри, се спаси со ВАР, па на пенали избори финале во ФА Купот

April 21, 2024
1 min read

Манчестер јунајтед преку пенали стигна до финалето на ФА Купот, откако вечерва на „Вембли“ во Лондон, во полуфиналето со Ковентри поведе со 3:0 па прими три гола во низа.

Во последната минута од второто продолжение Ковентри постигна гол за победа, но по интервенција на судиите од ВАР собата, погодокот беше поништен поради минимален офсајд.

Пенал-серијата заврши со победа на фаворитот со 4:2.

Јунајтед во финалето ќе се соочи со Манчестер сити, кој вчера го победи Челзи (1:0).

Градските ривали втор пат по ред ќе играат во финалето на ФА Купот. Во 2023 година победија „граѓаните“.

Финалето во ФА Купот ќе се игра на 25 мај на „Вембли“ во Лондон.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО ДВЕ НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР ВО ЕДНА ГОДИНА, ГЕРМАНСКАТА АКТЕРКА САНДРА ХИЛЕР ЌЕ ДЕБИТИРА КАКО ТЕАТАРСКА РЕЖИСЕРКА ВО 2025

Следно

Тело ремек дело: На 57 години изгледа како девојка, а нејзината тајна не е поврзана со вежбање!

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop