Туркије ја повикува меѓународната заедница да ја признае државата Палестина

April 21, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денес ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на американското вето на кандидатурата на Палестина за членство во Обединетите нации (ОН) и да ја признае државата Палестина, известува Анадолу.

„Неправедно е на Палестина да не и се дозволи да стане членка на ОН. Ја повикуваме меѓународната заедница да се спротивстави на оваа неправда и да ја признае државата Палестина“, рече турскиот министер Фидан на заедничката конференцијата за новинари со мауританскиот колега Мохамед Салем Оулд Мерзуг во Истанбул.

Во текот на состанокот со Мерзуг, Фидан рече дека разговарале за „за тековниот масакр во Газа“ и додаде: „Токму како Туркије, и Мауританија усвојува чувствителна политика во врска со палестинското прашање, особено во врска со ситуацијата во Газа и ја дава сета своја можна поддршка“.

Министерот Фидан рече дека Туркије и Мауританија се „во голема солидарност по прашањето за Газа“ и додаде:

„Ќе ја продолжиме нашата соработка за итен прекин на огнот и непречена дистрибуција на хуманитарната помош.“

Шефот на турската дипломатија рече и дека ќе продолжат напорите на двете земји „непречено сѐ додека не се воспостави независна и суверена држава Палестина, со главен град Источен Ерусалим (Кудс) и територијален интегритет, кој се базира врз границите од 1967 година.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 15 повредени во тематскиот парк Универзал Студиос во Лос Анџелес

Следно

Аларм на вработените на клиниката за токсикологија

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop