Бресквица направи хаос: За една минута 2000 евра бакшиш

April 20, 2024
1 min read

Анѓела Игњатовиќ Бресквица стана една од најбараните пејачки на помладата генерација по Изборот за песна на Евровизија, каде што се претстави со песната „Орлово гнездо“.

Иако пејачката не успеа да биде претставничка на Србија на Евровизија 2024, таа ја воодушеви публиката, па кaде и да оди прави хаос. Така таа дојде да му даде поддршка на колегата Слобо Радановиќ на промоцијата на неговиот нов албум, каде во еден момент пееше, за што беше наградена со голем бакшиш.

Имено, младата пејачка за оваа прилика ја изведе песната „Гнездо орлово“, која стана голем хит. Песната ги трогна сите присутни, кои на крајот на вечерта поради неа останаа со празни џебови.

Како што пишува „Мондо“, на почетокот Бресквица не сакаше да земе бакшиш, но гостите толку многу инсистираа затоа што им го допре срцето што пејачката на крајот попушти под притисокот, а присутните беа шокирани од сумата на пари што ја доби во една минута.

„Бресквица заработи повеќе од Роналдо, дури и тој не заработува по 1.000-2.000 евра секоја минута, што нејзе ѝ успеа. Со оваа песна направи таков хаос, летаа пари насекаде, најмалата банкнота беше 500 евра, секоја чест за неа, никој не може да ѝ парира на сцената во моментов“, тврди извор кој бил на местото на настанот.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТВ серијал „Од неформалната страна со претседателските кандидати“ – Стевчо Јакимовски

Следно

Овој хороскопски знак има пријатна природа, но тие се тврдоглави и кавгаџии ако ги предизвикате

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop