СО МИКРОКОЛОВИ СЕ СТАБИЛИЗИРААТ СТОЛБОВИТЕ НА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ

January 7, 2023
1 min read

Завршува првата фаза од стабилизацијата на столбовите на Скопскиот аквадукт и набргу почнува втората фаза од овој процес, ни рече Коле Чапкановски, директор на Конзерваторскиот центар – Скопје. Скопскиот аквадукт е културно наследство од 6. век, кој на 20 април 2021 беше прогласен за споменик од особено значење и со тоа добива највисок степен на заштита.

„Со несмален интензитет се работи на стабилизација на столбовите со вградување на микроколови, процес кој ќе оневозможи понатамошна инклинација т. е. наклонување. Микроколовите за првпат се користат кај нас, и можеме да кажеме дека сме пионери во таа работа. Изработката на времена конструкција за потпирање на критичните столбови како и поставувањето на челични затеги во отворите настанати од гниење на дрвените греди, стил на градење од отоманскиот период кој за жал придонесе за деградација на столбовите со обрушување на каменот, малтерот и останатиот вграден материјал, заѕидување на истиот беше неминовен процес за вградување на самобушечки цевки и инјектирање на микроколовите дупнатини со цементна инјекциона маса. Напоредно се изведуваат работите со две машини заради интезивирање на реализацијата на проектот во првата фаза кој е во завршна фаза“, ни рече Чапкановски.

Втората фаза ќе значи исто, продолжување со работа на стабилизацијата на столбовите. Првата фаза од конзервавацијата и реставрацијата на Аквадуктот почна во септември 2021, со дренажен процес.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска лани во октомври кажа дека со 5 милиони денари се завршува стабилизацијата на 6 инклинирани столбови со микроколови кои се изведуваат со континуиран надзор од стручниот тим, а следна фаза е стабилизација на уште 4 од накосените столбови со истата методологија.

„Заштитно-конзерваторските активности на Аквадуктот во Скопје се вклучени и во стратешките приоритети на Програмата за работа на Владата со цел да се зачуваат несекојдневните карактеристики на ова заштитено културно добро, негов адекватен третман, промоција и презентација во согласност со Законот за заштита на културното наследство“, кажа Костадиновска-Стојчевска.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Понуда која не се одбива: Бразил го сака Далиќ за селектор!

Следно

Робот – адвокат ќе брани жив човек на суд

Latest from Blog

Она што стрелецот на голот за БиХ го направи вечерва никој го нема направено од 1966 на Мундијалите!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ „Змејовите“ беа во водство до 79-тата минута, но Канада лесно можеше да го земе целиот плен. Сепак, резултатот остана 1:1, а единствениот гол за „Змејовите“ го постигна Јово Лукиќ во 21.

Зеленски: Пешадијата на фронтот би можела да заработува до 6.000 евра месечно

Овие потези доаѓаат во време кога армијата се соочува со сериозен недостиг на персонал по четиригодишната војна со Русија, објави Ројтерс. Владата на Зеленски објави во мај дека ќе разгледа можни мерки

За нови избори се токмат десетици нови правила

На евентуалните предвремени парламентарни избори кои сè повеќе се најавуваат од страна на првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски, може да се оди со неколку десетици нови изборни правила. Носењето нови изборни

Проданоски: Прилеп 60 години е чувар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Со свеченото доделување на наградите, вечерва беше затворено јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, манифестација која веќе шест децении претставува еден од најзначајните столбови на македонската култура и театарска
Go toTop