Дејан Станковиќ минува низ семејна драма – неговиот син веќе неколку дена е во болница во Италија

April 20, 2024
1 min read

Се огласи Дејан Станковиќ од Унгарија, пред новиот натпревар на Ференцварош. Српскиот стручњак се осврна и на семејната драма низ која минува, бидејќи неговиот најстар син Стефан е во болница во Италија. Станковиќ најави дека здравствената состојба се подобрува. Дејан Станковиќ минатата недела отпатува за Италија за да биде со својот син Стефан, кој е во болница.

Тој во четвртокот се врати во Унгарија, што Ференцварош го потврди на своите социјални мрежи. Оваа сабота тој ќе го предводи својот тим во 29. коло против Варда, а неговата изјава се појави на официјалниот сајт на клубот по натпреварот.

Најпрво би сакал да им се заблагодарам на навивачите, персоналот, мојот тим што беа со мене и моето семејство во последните неколку дена, ситуацијата од ден на ден се подобрува. Ференцварош го чека важен натпревар, во кој веќе би можел да ја обезбеди титулата шампион на Унгарија.

– На средбата пред натпреварот им кажав на играчите дека мораме да бидеме шампиони! Тоа не значи само кревање на трофејот, мора да играме шампионски, мора да работиме шампионски на теренот, мора да играме со духот што овој клуб го претставува. Ни остануваат уште седум натпревари, пет во лигата и два во купот. Не чекаат многу натпревари за кратко време, секој играч мора да биде подготвен за овој предизвик, бидејќи ако играш во толку голем клуб треба да освоиш се.

Што се случи со Стефан Станковиќ?

Јавноста ја загрижи веста дека Стефан, најстариот син на Дејан Станковиќ е во болница. Засега не е познато што точно се случува со ова момче. Дејан ги откажа сите обврски во Ференцварош, за да биде со својот син. Тој во видео обраќање изјави се што смее да објави.

Здраво на сите, сакам да кажам дека сум во Милано со мојот син кој е во болница веќе три дена. Има многу важен „натпревар“, мора да бидеме заедно и да играме заедно. Се надевам дека во следните три-четири дена ќе ги добиеме сите резултати за да почнат со рехабилитација.

За жал, утре нема да бидам на клупата, но верувам во моите играчи, во мојот клуб, во сите во стручниот штаб. Тоа е само еден натпревар, но имам поважна со мојот син. Семејството во овој случај е на прво место.

Најстариот син на Дејан Станковиќ е роден во 2000 година во Рим, играше во помладите категории на Интер, важеше за голем потенцијал, но сепак се откажа од фудбалот.

Дејан рече дека притисокот на познатото презиме му бил претежок, па Стефан се насочил кон други работи во животот, но Филип и Александар продолжиле, тие се столбот на помладите селекции на Србија и им се предвидува сериозна меѓународна кариера.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Следно

Иран има силни опции за одмазда против Израел, вклучително и нуклеарно оружје

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop