Сирија соопшти дека израелски ракети погодиле локации на противвоздушната одбрана

April 19, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Сирија денес соопшти дека израелски ракети погодиле локации на противвоздушната одбрана во јужните делови на земјата, по јавувањата за израелски напад во Иран, пренесува Анадолу.

Државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на воени извори, соопшти дека материјална штета била предизвикана во нападот, чија цел биле локациите на противвоздушната одбрана во јужните подрачја.

Засега нема коментар од Израел за наводите.

Иранските државни медиуми рано утрово објавија дека против сомнителни објекти се активирала противвоздушната одбрана во неколку града, вклучително и централната провинција Исфахан.

Полуофицијалната новинска агенција Мехр соопшти дека три беспилотни летала биле уништени на небото над Исфахан.

Иранската државна телевизија потврди „огромни експлозии“ во Исфахан, но рече дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во централниот град.

Американските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека Израел извршил напад во Иран.

Сè уште нема официјален израелски коментар за јавувањата за нападите во Иран.

Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа откако Техеран во саботата изврши напад со беспилотни летала и ракети како одговор на нападот на иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој загинаа седуммина воени советници.

Израел, кој официјално не ја презеде одговорноста за нападот на конзулатот, вети воен одговор на иранскиот напад викендот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СОНК: МОН да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите

Следно

МААЕ: Нема штета на нуклеарните постројки во Иран

Latest from Blog

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија
Go toTop