Може и да не се случи втор мандат за Фон дер Лaјен

April 18, 2024
1 min read

Политико пренесува дека на два месеца пред изборите Брисел е преполн со европски дипломати и функционери кои предупредуваат дека вториот мандат на Фон дер Лaјен не е ни најмалку гарантиран.

„Голем удел во ова има ароганцијата на моќта. Таа погрешно сметаше дека ќе може сè да протне, па сега малите грешки што ги направи се користат против нејзе,“ изјавува неименуван ЕУ функционер.

Процената на магазинот е дека има две водечки сили кои би можеле да ја уништат. Првата се влошените односи меѓу Франција и Германија, а втората е се поверојатно новиот изглед на Европскиот парламент во кој десницата и крајната десница ќе добијат поголем удел и влијание. Политико пишува дека дури и поддршката од централно-десната Европска народна партија изгледа млако.

Главни дамки што и се припишуваат на Фон дер Лaјен се Фајзергејт скандалот со милијарди долари тешкиот договор за снабдување на ЕУ со вакцини против ковид-19, и поддршката и патувањето во Израел по почетокот на војната во Газа.

Изненадување за нејзината кандидатура беше и конгресот на европските конзервативци во Букурешт во март годинава, кога дел од конзервативците (како Французинот Мишел Барние) одбија да ја поддржат.

Од март, на Фон дер Лaјен и се случи и бунт во парламентот кога меѓупартиска инцијатива (поддржана и од ЕПП на Лaјен) ја оспори одлуката на ЕК да и додели на Унгарија 10 милијарди евра европски пари, кои до тогаш беа замрзнати како казна за земјата.

Фон дер Лaјен доживеа и внатрешен бунт од 4 свои министри (комесари) откако му додели позиција на Маркус Пајпер, член на нејзината матична партија во Германија.

Секако, Фон дер Лaјен како ретко кој претседател на ЕК во своето резиме може да се пофали дека ја предводела Европската Унија за време на двете најголеми кризи на европскиот континент од Втората светска војна, прво ковид пандемијата, а потоа и војната во Украина.

Политико проценува дека над сето ова главната пречка за вториот мандат на Фон дер Лaјен ќе биде составот на идниот Европски парламент, бидејќи првиот мандат го доби со многу тенко мнозинство од 383 гласа, што е само 9 гласови над минимумот од 374 гласови.            

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Симонова Штериева во СТУДИО 10: Политика е и граѓанскиот сектор – тој е и коректив и сервис на политиките

Следно

Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop