Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток

April 18, 2024
1 min read

За случувањата на Блискиот Исток, недвосмислената осуда на нападот врз Израел од Иран ќе биде придружена со повик од сите членки на Европскиот совет да направиме сè што е во наши раце за да се смири оваа криза, да не се прошири и да не добие карактеристики на регионален конфликт, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на вонредниот Самит на ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис изрази задоволство што на Самитот ќе се разговара и за ситуацијата во Либан, „која директно влијае и на Кипар, бидејќи има значителни бегалски бранови од Либан кон Кипар“.

-Ги поддржуваме напорите на Република Кипар за да се запрат овие бранови, но во исто време да можеме и на Либан да му ја обезбедиме поддршката што му е толку потребна, за оваа земја, која многу има поминато, да може конечно да се стабилизира, порача Мицотакис.

Дополнително, рече дека ќе стане збор и за односите меѓу Европската унија и Турција и изрази задоволство за донесените заклучоци, „кои го препознаваат фактот дека односите меѓу ЕУ и Турција можат да напредуваат, но секогаш во рамките на одлуките на Европскиот совет кои се донесени во последните години“, но и задоволство што „напредокот на евро-турските односи се поврзува со напредокот што може да се постигне за кипарското прашање“.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите

Следно

Зеленски: Украинските сили извршија напад врз руски воен аеродром на Крим

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop