Обожаватели на Тејлор Свифт загубиле над милион евра од лажни интернет- понуди за влезници

April 17, 2024
1 min read

Обожавателите на пејачката Тејлор Свифт во Велика Британија потенцијално изгубиле повеќе од милион евра поради измамници кои продаваат лажни влезници за концертите од нејзината турнеја „Ерас“, според проценките на „Лојдс банка“.

Оваа банка издаде предупредување до купувачите врз основа на анализа на пријавени измами, како и податоци од „Шкотската банка“ и „Халифакс“. Повеќе од 600 клиенти на „Лојдс банка“ пријавиле дека биле измамени откако картичките биле пуштени во продажба во јули 2023 година. Секоја жртва изгубила во просек по 332 фунти, а во некои случаи загубата била повеќе од 1.000 фунти.

– Лесно е да дозволиме нашите емоции да нè надвладеат кога ќе дознаеме дека нашиот омилен изведувач ќе настапува во живо, но важно е да не дозволиме тие емоции да ни го поматат расудувањето кога се набавуваме билети, предупреди Лиз Зиглер, стручњак за спречување измами во банката.

Со бројки засновани исклучиво на сопствените податоци за клиентите, „Лојдс“ проценува дека најверојатно имало најмалку вкупно 3.000 жртви низ В Британија. Обожавателите на возраст 25 – 34 години биле претежно мета на препродавачите на влезници, а многумина од нив наидуваат на овие измами на социјалните мрежи.

Според извештаите, турнејата „Ерас“, којашто веќе го собори рекордот, треба да заработи повеќе од милијарда долари.

Измамата при купување вклучува испраќање пари преку интернет за услуги кои се лажни, т.е. непостоечки, како и „ексклузивни“ карти за настани коишто се веќе распродадени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чави: Барселона ќе се врати уште посилна во Лигата на шампионите следната сезона

Следно

НАСА бара поевтин начин за земање примероци од Марс: Мисијата е прескапа и неефикасна

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop