АКО САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ ДНОТО НА ОПШТЕСТВОТО, ВИДЕТЕ ОД КАДЕ ДОАЃААТ НАЈМНОГУ ПОЛИТИЧАРИ, РЕЧЕ ЌЕДРИМ РИЈАНИ, РЕЖИСЕР НА НОВАТА ПРЕМИЕРА „НА ДНОТО“ НА БИТОЛСКИ ТЕАТАР

April 15, 2024
1 min read

Ако сакате да видите кое ниво во вашето општество е најмногу на дното, треба да видете од каде доаѓаат најмногу кандидати за во политиката. Цитирајќи ја оваа мисла на чешкиот драматург, есеист и политичар Вацлав Хавел, прогресивниот режисер Ќендрим Ријани ја образложи филозофијата на новата премиера „На дното“ по текст на Максим Горки што тој ја поставува на сцената на Народниот театар од Битола. Премиерата е закажана за утре (16 април  од 20 часот на сцената на БНТ. Во неа е прикажано општественото дно од времето на Горки до денешницата.

„Е сега прашајте се сами: Во нашата држава од која професија имаме најмногу кандидати за политичари? Ако е реална изреката на Хавел, тогаш со одговорот ќе го најдиме дното“, рече Ријани.

На новинарското прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали со тоа што актерите во претставата се со шишиња инфузии, а и плакатот е со кеси крв токму таа професија е здравството, Ријани одговори: „ Тоа е одговорот и на изреката на Хаврел. Ако гледаме во нашата држава и од албанските кандидати и од другите етнички заедници, најмногу што се бават со политика или што сакаат да се занимаваат со политика, доктори ни се.“

Во претставата играат 16 битолски актери или како што рече директорот на Народниот театар од Битола, Иван Јерчиќ, голема екипа составена од многу штрафови на механизмот наречен „На дното“.

„Ова е претстава која кореспондира со естетиката и животната филозофија на режисерот и на Народниот театар од Битола да ги третира старите теми на некаков современ начин и да ги аплицира во денешното живеење. Нема секому да се допадне зашто третира работи од овој дехуманизиран свет во кој живееме. Има кисел хумор, остар“, рече Јерчиќ.

Актерката Илина Чоревска која го игра ликот на Василиса реле дека таа е симбол на едно дефункционално семејство кое никако не може да роди здраво поколение исто како што едно дефункционално општество не може да роди здрави граѓани.

Маја Андоновска- Илијевски игра машки лик преку кој симболично се коментира односот на општеството кон уметноста и која е уметноста денес во дното на кое живееме.

„Претставата ги коментира сите дна во кои човекот живее, опфајќајќи ги фамилијарните односи, уметноста и културата, религиските приказни кои ни се случуваат, едноставно коментирајќи го светот и од времето на Горки до времето во кое живееме сега“, рече Андоновска-Илијевски.

Драматург е Билјана Крајчевска, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Андеј Папаз Горгиевски, музика на Александар Димовски. Претставата „Артуро Ви“ која претходно Ријани ја работеше со Народниот театар од Битола освои 5 награди на 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лондонград нема да падне

Следно

Му помогнале на убиец да избега, уапсени 17 чувари од Идризово

Latest from Blog

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Не очекувам од нашиот источен сосед и да испрати поинаква порака. Тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе не обвинуваат нас, дека ние сме

Швјонтек по победата: Никогаш не очекував да го освојам Вимблдон

На убедлив начин полската тенисерка Ига Швјонтек во финалето без загубен гем ја совлада Американката Аманда Анисимова со 2:0 во сетови. Во официјалното обраќање на Централниот терен, Швјонтек изјави: -Никогаш не очекував
Go toTop