Фидан разговараше со својот ирански колега: Туркије не сака понатамошна ескалација во регионот

April 14, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес на својот ирански колега Хусеин Амир-Абдолахијан му кажа дека Туркије не сака понатамошна ескалација во регионот по одмаздата на Техеран кон Израел, јавува Анадолу.

Според информациите од дипломатски извори, во телефонски разговор шефот на иранската дипломатија истакнал дека одмаздничката операција против Израел е завршена и дека Иран нема да започне нова операција доколку не биде нападнат.

Амир-Абдолахијан понатаму рече дека доколку Иран повторно биде нападнат, овојпат ќе даде „посилен одговор“.

Иран доцна синоќа лансираше низа беспилотни летала и ракети кон Израел како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.

Нападот, во кој загинаа седум ирански воени претставници, меѓу кои висок командант на ИРГЦ, наиде на остри реакции од иранските владини претставници, кои ветија „решителен одговор“.

Според одредени непотврдени извештаи, ИРГЦ истрелала повеќе од 300 беспилотни летала и ракети во нападот што траеше неколку часа, од кои поголемиот дел беа пресретнати од израелските системи за противвоздушна одбрана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран: Немаме намера да ја продолжиме операцијата, но нема да се двоумиме да одговориме на нов напад

Следно

Седумгодишно девојче убиено во престрелка во Чикаго, две деца во критична состојба, полицијата трага по напаѓачот

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop