Општина Илинден ги замени старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери

February 3, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП „Водовод“ од Илинден, Ивица Трипуновски денеска направија увид во пумпната станица Јурумлери, каде беа заменети старите вакуум пумпи за гасно хлорирање на водата во оваа пумпната станица.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, старите дотраени пумпи беа заменети со нови енергетско ефикасни, со кои се постигна поголем квалитет во водоснабдувањето. Беше заменета целокупната опрема за хлорирање и реновирање на хлорната станица.

– Со поставување на новите пумпи се создадоа услови за комплетно поврзување на сите извори на вода во пумпната станица Јурумлери со системот за дезинфекција на водата со гасен хлор, стои во соопштението од општина Илинден. 

Замената на старите и дотраени пумпи е во рамки на проектот „Модернизирање и проширување на водоводниот систем“ со цел обезбедување на стабилен и оптимален проток на чиста, квалитетна и здрава вода за пиење за сите жители.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Финска и Шведска одлучни во пакет да влезат во НАТО

Следно

Српското собрание ја продолжува расправата за Косово

Latest from Blog

Штип ја прослави 34-годишнината од Независноста со културна програма и гости од цела Македонија

Во штипската населба Балканска, во кругот на црквата „Свети Константин и Елена“, вчера беше одбележана 34-годишнината од Независноста на Република Македонија. Настанот започна со поздравни обраќања на повеќе истакнати говорници: претседателот на

7 трикови како да трошите повеќе калории додека пешачите

Пешачењето е една од наједноставните и најпристапните форми на вежбање. Со неколку мали прилагодувања, оваа секојдневна активност може да стане неверојатно ефикасен начин за согорување калории и подобрување на вашата физичка подготвеност.

„Дали ЈО штити од кривична одговорност функционери на СДСМ и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“?

Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува. Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да

Просинечки е пред отказ на кормилото на Црна Гора

По синоќешниот дебакл на Максимир, во кој репрезентацијата на Црна Гора во рамките од тековните Мундијалски квалификации загуби со високи и убедливи 4:0 од домаќинот Хрватска, огромни се шансите црногорците да останат
Go toTop