Ердоган во писмото до папата Франциск: Човештвото не треба да дозволи натамошно кршење на хуманитарното право во Газа

April 13, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во писмото упатено до поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциск, наведе дека човештвото повеќе не треба да дозволи кршење на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право во Газа, јавува Анадолу.

Дирекцијата за комуникации при турското претседателство соопшти дека Ердоган испратил писмо за Палестина до папата Франциск.

Писмото на папата Франциск му го врачи шефот на Управата за верски прашања на Туркије, Али Ербаш за време на неговата посета на Ватикан, а во писмото Ердоган изразува задоволство од постепеното унапредување на односите меѓу Туркије и Ватикан.

Ердоган наведе дека Туркије, под мотото на хуманитарната дипломатија, го поддржува територијалниот интегритет на Украина од 2014 година, кога се случи илегалната анексија на Крим, и дека била и продолжува да биде на чело во одбраната на правото на живот и праведна борба на невините палестински цивили.

Истакнувајќи дека Туркије стана втора земја која обезбедува најголема помош за Газа, со речиси 45.000 тони хуманитарни залихи испратени од 7 октомври 2023 година, Ердоган рече дека во Туркије продолжува лекувањето на 429 пациенти и повредени лица од Газа, меѓу кои има и христијани, придружувани од уште 450 лица.

„Човештвото, свесно дека убивањето е забрането од сите аврамски религии, повеќе не треба да дозволи кршење на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право во Газа. Треба да го дигне гласот против намерното бомбардирање болници, училишта, џамии и цркви, кои не смеат да се напаѓаат ниту во услови на војна. Не е можно да се воспостави траен мир и стабилност на Блискиот Исток без праведно решение за палестинско-израелското прашање. Неопходно е создавање независна, суверена и географски интегрирана палестинска држава во рамки на границите од 1967 година со Источен Кудс (Источен Ерусалим) како главен град, и да го заземе своето место во глобалниот систем како рамноправен член на меѓународната заедница“, наведе Ердоган во своето писмо до папата.

Ердоган укажа и на неодамнешните тенденции кои го загрозуваат меѓуопштествениот мир и стабилност како што се антиисламизмот, расизмот и ксенофобијата кои се шират низ светот.

„На нашиот свет му е потребна инклузивна и рационална политика, како и актери кои можат да воспостават дијалог со сите страни во сите околности. Тоа ни е потребно повеќе од кога било досега во историјата. Во рамките на ова разбирање, ние сме одлучни и понатаму да го развиваме нашиот дијалог и соработка со Ватикан со цел ширење на културата на мирољубива коегзистенција и меѓусебно разбирање засновани на нашите заеднички човечки вредности и нашата цел да му служиме на светскиот мир“, порача Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Расте бројот на случаи со алергија

Следно

Има авиони за гаснење пожари ама нема кој да ги лета, двајца пилоти заминаа во пензија

Latest from Blog

НЕ САКАМ ДА УМРАМ НА СНИМАЊЕ И ЗАТОА МИСЛАМ ДЕКА МИ Е ДОСТА ОД ГЛУМАТА, РЕЧЕ МАЈКЛ ДАГЛАС

Двократниот Оскаровец Мајкл Даглас вели дека најверојатно завршил со актерската кариера и оти нема  намера да се врати во филмскиот свет. Легендарниот 80-годишен актер гостува на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка,

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола.

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства – општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се

Пожарот во Чучер Сандево активен и надвор од контрола, со воздушна интервенција ќе се продолжи рано сабајле

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се

Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите

Поради шумските пожари кои веќе два дена го зафаќаат подрачјето на Чучер Сандево, денес на вонредна седница на Општинскиот совет беше донесена одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на општината. Градоначалникот
Go toTop