Инстаграм тестира алатки кои ќе ја отежнат размената на голи фотографии

April 12, 2024
1 min read

Инстаграм во следните неколку недели ќе започне со тестирање на нови алатки против сексторција, метод на уцена со испраќање интимни фотографии.

Меѓу алатките е и „заштита од голотија“ која ги замаглува голите фотографии во приватните пораки, а ќе биде активна за сите помлади од 18 години.

Ќе се тестираат и прозорци кои ја насочуваат потенцијалната жртва на поддршка.

Владите ширум светот предупредуваат дека се повеќе млади луѓе се изложени на ваков вид изнуда.

На жртвите често им се испраќаат голи фотографии пред да ги побараат нивните за возврат, а потоа им се закануваат со објавување доколку не се согласат со барањата на уценувачот.

Оваа недела двајца мажи се изјаснија за виновни за сексуален напад врз тинејџери и млади мажи во САД, од кои едниот се самоуби.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Дино Мерлин одведен со Брза помош, се огласи неговиот менаџмент

Следно

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа кај Еуро-Актива, оштетени повеќе автомобили

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop