ДИК: Најголем дел од коалициите и партиите ги поднесоа своите пратенички листи

April 11, 2024
1 min read

Најголем дел од коалициите и партиите кои ги поднесоа своите пратенички листи денеска ги потврди ДИК иако остануваат уште неколку кои ќе мора да доработат на корекции, но исто така се очекува исходот од проверките на надлежните институции- односно основните судови и МВР.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски и на денешната седница на комисијата посочи дека очекува до утре сите листи да бидат комплетирани.

На овие избори пратенички листи поднесоа 17 партии и коалиции од кои дури 13 во сите изборни единици. Овие парламентарни избори ќе бидат единаесетти во земјава. Во шест изборни единици ќе се добијат по 20 пратеници за новиот парламентарен состав.

И на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско конзуларните претсавништва на Македонија во странство не се пријавиле доволно гласачи, државјани на Македонија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина О Џеј Симпсон: Цел свет зборуваше за неговото „Судење на векот“

Следно

Алонсо останува во Астон Мартин

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop