Брнабиќ: Опозицијата има рок до утре до 12 часот да достави предлози – ќе ги прифатам сите

April 11, 2024
1 min read

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ денеска упати низа критики на сметка на опозицијата и ја обвини дека не сакаат дијалог, но дека ќе се заложи за негово продолжување и оти побарала да достават предлог до утре во 12:00 часот за тоа како да се продолжи со работа по препораките на ОДИХР, јави дописникот на МИА од Белград.

-До утре до 12 часот треба да ми испратат предлог како да продолжам да работам на имплементација и препораки на ОДИХР за повеќе да не си играме мачка и глушец. Ќе ја усвојам секоја нивна сугестија како понатаму, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека до утре до 12 часот опозицијата треба да го испрати и предлогот на свои претставници за комисијата која ќе се занимава со увид и ревизија на избирачкиот список, што важи и за граѓанскиот сектор.

-Под три, барам ресорните министерства што поскоро да ги вклучат коментарите на граѓанските организации и пратеничките групи, доколку ги има, за предложените закони за кои се разговараше, за да се финализираат законите во следните пет дена, потоа да има уште една состанок, потоа јавна расправа и усвојување на законот, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека денешната тема била специфична за препораките на ОДИХР и дека предложените измени на законот претставуваат имплементација на седум препораки, како законот за избор на пратеници и законот за локални избори, законот за финансирање на партиите, спречување на корупцијата и за Уставниот суд по препораката од конечниот извештај на ОДИХР.

Брнабиќ рече дека потпретседателката на ССП, Мариника Тепиќ, дошла со писмен говор, наместо да води дијалог, дека опозицијата повторно го отфрлила дневниот ред и сакала да зборува за суштината на изборите и на крајот ја напуштиле средбата пред крај.

Таа им се заблагодари на невладините оранизации Цесид, Црта и Транспарентнст за правилниот пристап и конкретните предлози. (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Како банда од Балканот извлече руски бизнисмен од домашен притвор во Италија

Следно

Почина О Џеј Симпсон

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop