Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

April 11, 2024
1 min read

По светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа на „светот на пластиката“… Се подготвува филм заснован на друштвената игра „Монопол“, пишува „Варајети“.

Компанијата „Хасбро“, сопственичка на играта за плаќање имот, наем и казни, и продукциката куќа „Лајонсгејт“ во заедничкото соопштение за печатот на 10 април велат дека продуцентската компанија на Роби, „Лакичап“ (LuckyChap) ја пренесува играта на големиот екран.

„’Монополот’ е врвна игра за недвижностите… Како и сите најдобри оригинални игри, и оваа зарази генерации низ целиот свет, и ние сме толку возбудени што ќе ја оживееме оваа игра заедно со прекрасните тимови на ‘Хасбро’ и ‘Лајонсгејт’,“ се вели во соопштението.

Фирмата „Лакичап“ што Роби ја води со својот сопруг Том Акерли и колегата-продуцент Џози Мекнамара, го продуцираше филмот номиниран за „Оскар“, „Барби“, којшто им донесе над милијарда долари заработка на киноблагајните. Засега не се откриваат никакви подобности за филмот зашто проектот сѐ уште е во рана претпродукција.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Забрана за продажба на смартфони на лица под 16 години

Следно

Ни доаѓаат два големи празници пред Велигден- ова се обичаите

Latest from Blog

Општинскиот штаб во Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината
Go toTop