Американската сојузна држава Аризона ги забрани речиси сите абортуси, Бајден ја осуди одлуката

April 10, 2024
1 min read

Врховниот суд во Аризона денеска го оживеа законот од 1864 година со кој се забрануваат речиси сите абортуси, симболична одлука со важни изборни импликации неколку месеци пред претседателските избори во оваа клучна јужна сојузна држава.

Законот од пред речиси 150 години забранува секаков абортус од моментот на зачнувањето, освен ако животот на мајката не е во опасност. Силувањето и инцестот не се сметаат за валидни исклучоци, пренесе Хина.

Според пресудата на Врховниот суд во Аризона законот сега станува „спроведлив“ откако беше во мирување со децении.

Судиите веруваат дека ништо не стои на патот на неговото спроведување бидејќи уставната заштита на правата на абортусот беше укината во 2022 година, давајќи ѝ слобода на секоја американска држава да донесе свој закон за абортус.

Одлуката ги зголемува влоговите додека се приближуваат претседателските избори во клучната држава каде во 2020 година Џо Бајден го победи Доналд Трамп за само 10.000 гласови разлика.

Поранешниот републикански претседател во понеделникот изјави дека сака да им даде одврзана рака на американските држави во донесувањето на законите за абортус, доколку се врати во Белата куќа.

-Државите ќе одлучат… Што и да одлучат, тоа мора да има сила на закон, рече Трамп.

По одлуката на највисокиот суд во Аризона, претседателот Бајден веднаш го осуди суровиот закон.

„Оваа одлука е резултат на екстремната агенда на републиканските избрани функционери кои се залагаат да ги лишат жените од нивната слобода“, оцени претседателот во соопштение.

Новата законска рамка „не ги штити жените дури и кога нивното здравје е загрозено или во трагични случаи на силување или инцест“, посочи тој.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Најди ме“, а не злоупотребувај ме!

Следно

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop