Бугарија ја доби 10-тата преодна влада, новите избори закажани за 9 јуни

April 9, 2024
1 min read

Бугарија денеска ја доби преодната влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9 јуни се закажани вонредни парламентарни избори.

Народното собрание на вонредна седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години.

Тоа е и првата влада која по неодамнешните уставни измени положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот, пишува бугарскиот сајт „Новините“.

Претходно денеска бугарскиот претседател Румен Радев издаде указ за официјално именување на кабинет и закажување единствени избори за 9 јуни и за европскиот и за националниот парламент.

На крајот на март претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) на бугарскиот претседател му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада што им го врачи со што се отвори патот за закажувањето на вонредните парламентарни избори.

На изборите во април минатата година ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Промените продолжуваат“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот Парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.

Првиот мандат Радев и го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада, откако мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.

Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков, кандидатот за премиер предложен од „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ („ПП-ДБ“), но мандатарот и доскорешен премиер веднаш го врати мандатот.

Во согласност со бугарскиот Устав, претседателот на државата го доверува третиот мандат за состав на влада на една од другите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од седум дена.

Според Уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Пожар во Универзалната сала во Скопје

Следно

Палестински претставник: „Туркије има најголем удел во вкупниот годишен извоз на палестинскиот пазар“

Latest from Blog

Чад ги прекри САД и Канада- на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од дома (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума- се очекува цунами (ВИДЕО)

Силен земјотрес го погоди брегот на мексиканската држава Чијапас, предизвикувајќи предупредување за цунами. Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека земјотресот имал магнитуда од 7,3 степени. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying

Лимани: Нема медицински доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата

Во ваква ситуација, моја прва обврска е да ви ја соопштам состојбата точно, навремено и без прикривање на каква било информација, напиша градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, откако голем број на граѓани

„Л’Екип“ вели: Олисе веќе има донесено одлука да замине во Реал Мадрид

Денешното издание на „Л‘Екип“ вели дека еден од најдобрите фудбалери на планетава во моментов и членот на Баерн Минхен, Михаел Олисе, и репрезентативец на Франција веќе одлучил дека сака да ја напушти
Go toTop