Лабудовиќ: Одличната игра на тимот ја донесе победата

April 8, 2024
1 min read

Селекторот на македонската женска тениска репрезентација Димитар Лабудовиќ изрази задоволство од стартната победа над Естонија во Били Џин Кинг Купот.

Македонските тенисерки настапот во рамките на Втората Евроафриканска зона во Вилнус го почнаа со победа од 2-1, иако естонските противнички поведоа со поенот што им го донесе Елена Малигина со триумфот над Магдалена Стоилковска. Сепак Македонија изедначи откако Лина Ѓорческа ја совлада Каја Канепи, па мечот во дубл го реши победникот.

· Одигравме меч како што посакувавме, едноставно целиот тим беше на висината на задачата. Ќе почнам од мечот во двојки, девојките одиграа одлично. Мислам дека за Стоилковска ова беше најдобриот нејзин меч во дубл. Заедно со Ѓорческа во текот на целиот меч играа без грешка. Притоа Лина имаше извонреден меч со Канепи, впрочем и двете тенисерки играа одлично, но клучните поени кога се „кршеше“ мечот ги освои Лина. И Стоилковска одигра добар сингл меч, што го потврди подоцна во играта во двојки“, изјави Лабудовиќ за официјалниот сајт на Тениската федерација на Македонија.

За македонските тенисерки утре е слободен ден, пред дуелот в среда против Хрватска.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Небиу за ТВ 24: Начинот на кој ќе се одвива гласањето на претседател, ќе влијае и врз изборниот резултат, дури може и да го промени

Следно

ПИПА МИДЛТОН ПЛИВА ВО ПАРИ: Побогата е и од нејзината постара сестра, идната кралица на Британија

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара
Go toTop