Вуди Ален: Исчезна романтичноста на снимањето филмови

April 8, 2024
1 min read

Американскиот режисер Вуди Ален (88) изрази незадоволство од сегашната состојба со кинодистрибуцијата. Според него, самата „долговечност на филмовите“ во кината значително се намалува со годините.

– Дистрибуцијата веќе не е она што беше. Сега филмот две недели е во кино… И толку. „Ени Хол“ се пушташе во киносалите во Њујорк над една година… Целиот тој бизнис е променет, и тоа не на убав начин. Сета романтичност на снимањето филмови исчезна, рече прославениот режисер во интервју за „Ермол“ (AirMail).

Инаку, ексцентричниот режисер лани на Филмскиот фестивал во Венеција го претстави својот 50-ти долгометражен филм – „Миг на среќата“ (Coup de Chance) на француски јазик. Продукцијата се соочува со тешкотии да се пренесе на американското тло, поради засегнатоста на Ален со наводите дека сексуално ја нападнал својата посвоена ќерка Дилан Фароу во 1992 година.

Откако лани медиумите објавија дека режисерот, револтиран затоа што филмовите денес многу брзо стигнуваат до ТВ-приемот, сака да се насочи кон пишување сметка на снимањето филмови, неговиот портпарол подоцна ги негираше тие тврдења.

„Вуди Ален никогаш не рече дека се пензионира. Тој рече дека размислува да не снима филмови, бидејќи тоа што филмовите директно или многу брзо одат на стрим-платформите, не му е многу пријатно“, гласеше официјалната изјава.

Од друга страна, пак, неговата сестра, продуцентката Лети Аронсон во неодамнешна изјава за „Њујорк тајмс“, најави дека нов филм е „во преговори“ и дека Ален работи на сценариото.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џејмс го пропушти мечот со Минесота

Следно

Посни мафини, идеален десерт за време на постите

Latest from Blog

Отворен повик за универзитетска летна пракса во Општина Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 падна за 0,66%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.838,33 поени, со дневен пад од 0,66%, односно – 65,54

Флорида планира да го затвори контроверзниот притворски центар за мигранти “Алигатор Алкатраз“

Според извештајот, службениците им кажале на добавувачите дека објектот се затвора и дека притворениците ќе бидат преместени до почетокот на јуни. Објектот, чија изградба чинеше околу 250 милиони долари, ќе биде демонтиран

Димитриеска-Кочоска за МИА: Клучните економски проекти и поддршката за граѓаните остануваат стабилни

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите
Go toTop