По пукање на брана евакуација на руски град на границата со Казахстан

April 7, 2024
1 min read

ОРСК (АА) – Најмалку три лица загинаа од пукањето на брана во руската област Оренбург, каде претходно оваа недела е прогласена вонредна состојба поради пролетните поплави, известува Анадолу.

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од поплавените подрачја откако во петокот во рускиот регион Оренбург пукна брана. Локалните власти објавија дека несреќата се случила среде сезоната на топењето на ледот.

Александар Куренков, рускиот министер за вонредни состојби денес пристигна во областа Оренбург.

Локалните официјални лица објавија дека од поплавите се погодени повеќе од 4.200 куќи и близу 11.000 жители.

„Евакуиравме 4.208 луѓе од кои 1.019 се деца“, објави канцеларијата на регионалниот гувернер Денис Паслер.

Во соопштението се вели дека во пограничниот регион на Казахстан се поплавени околу 2.500 домови.

„Евакуираните луѓе се пренасочуваат во центрите за привремено сместување“, рече Паслер и вети финансиска помош за луѓето.

Големи поплави настанаа само ден откако во петокот пукна браната во гардот Орск, која се наоѓа на самата граница со Казахстан.

Според информациите на регионалните власти, делумното урнатата брана проектирана е за ниво на водата на регионалната река Урал од 5,5 метри, а моменталното ниво изнесува 9,6 метри.

Во 31 округ во регионот се блокирани дури 47 мостови и 106 патни делници, а во 12 населби е прекинато снабдувањето со електрична енергија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ужасната вистина ја однесе во гроб: Братот на убиецот на Данка почина во притвор, една работа признал пред полицијата

Следно

МВР на Србија: Во притвор почина братот на еден од осомничените за убиството

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop