Генералниот директор Сердар Караѓоз го посети мавзолејот на Ататурк по повод 104 годишнина од основањето на Анадолу

April 7, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолу, Сердар Караѓоз и членовите на делегацијата, во Анкара го посетија Аниткабир, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, по повод 104. годишнината од основањето на новинската агенција Анадолу.

Караѓоз, заедно со делегацијата во која беа замениците генерални директори Јусуф Озхан и Огуз Енис Перу, положија венец во мавзолејот на Ататурк.

Претседателот на Управниот одбор Караѓоз во спомен книгата напиша:

„Агенцијата Анадолу, која е основана под ваше раководство за да го информира целиот свет за нашата праведна борба во најтешките денови од нашата војна за независност, денеска полни 104 години. Агенција Анадолу ја продолжува својата мисија во согласност со основачката филозофија, а во 2023 г. кога ја одбележавме 100-годишнината од нашата Република, продолжи да биде сведок на многу настани низ светот“.

Караѓоз напиша и дека новинарите на Анадолу собрале докази за вистината, известувајќи до целиот свет за воените злосторства што владата на Израел ги изврши во Газа.

„Во оваа прилика се сеќаваме на сите наши загинати херои кои ги дадоа своите животи за иднината и независноста на Туркије. Господ нека ги помилува нивните души“, се завршите зборови на Караѓоз во спомен книгата.

Новинската агенција Анадолу е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред отворањето на Големото национално собрание на Туркије, по инструкции на Мустафа Кемал Ататурк, со цел да биде гласот на Анадолу до светот за настаните од Војната за независност.

Анадолу, која е меѓу највлијателните и најпочитуваните новински агенции во светот, на своите претплатници им ги носи најновите содржини од најтурбулентните подрачја во светот и со своите вести и визуелни содржини прави разлика, особено во географските подрачја каде што е тешко да се извршува новинарската работа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ бара смртна казна за убијците на малата Данка

Следно

Фабио Квартараро останува во Јамаха

Latest from Blog

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго
Go toTop