„Агенција Анадолу е гласот на угнетените ширум светот“

April 6, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ја честиташе годишнината од основањето на агенција Анадолу, порачувајќи дека таа ја исполнува важната должност на ова поле како глас на угнетените ширум светот.

Претседателот Ердоган упати честитка до претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Сердар Караѓоз по повод 104. годишнината од основањето на Анадолу.

Истакнувајќи дека АА била сведок на воспоставувањето ан Републиката и растот на земјата, Ердоган во честитката вели:

„Анадолу стана адреса на принципиелно и доверливо новинарство, исполнувајќи ја својата должност точно и потполно го информира нашиот народ и светската јавност, Исполнува важна должност на ова поле како глас на угнетените ширум светот. Агенција Анадолу, како школа на објективно и точно новинарство кое забрзано ги имплементира медиумските технологии на нашето време кое без прекин се развива и менува, успешно ја следи оваа мисија од денот на своето основање. Верувам дека Анадолу, една од најпрестижните институции во нашата земја, ќе продолжи да биде пионер во овој сектор.“

Ердоган додаде дека со благодарност се сеќаваат на оние кои го дале својот придонес во формирањето на Анадолу, особено Мустафа Кемал Ататурк, и ѝ посакува понатамошен успех на оваа институција, како и на сите нејзини вработени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Потполно затемнување на Сонцето во делови на САД во понеделник

Следно

Јакимовски: Иселувањето е главен проблем и во Гостивар, како и во цела Македонија

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop