Продолжува потрагата по телото на малата Данка

April 5, 2024
1 min read

Српската полиција продолжува со потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ. Началникот на управата за криминалистичка полиција, Нинослав Чмолиќ изнесе нови детали за случајот за српски Информер.

Тој објасни како осомничените мислеле дека малата Данка е мртва откако ја удриле со автомобилот, па ја ставиле во багажникот, но девојчето во еден момент се разбудило.

За убиството на Данка се уапсени двајца 50-годишни работници на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор. Едниот е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а вториот е обвинет му помогнал на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето, на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на Бор укажува дека ова се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, како што кажа мајката во пријавата.

Со исчезнувањето на малата Данка Илиќ, за прв пат во Србија се активираше системот „Алберт Алерт“ или „Пронајди ме“, систем преку кој јавноста итно се известува за исчезнување. Ова ги отвори дилемите и за тоа зошто Македонија, се уште инфраструктурно не е подготвена за ваков систем – надлежните уверуваат дека ќе се реши во најкус можен рок.

Системот Амберт алерт, ја доведе потрагата по Данка да се прошири и во Европа, откако се појавија информации дека таа била видена во Виена, што потоа беше демантирано од австриската полиција. Десет дена траеше потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март во населбата Бањско Поле кај Бор.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Укренерго: Русија изврши напад врз енергетската инфраструктура во Одеса

Следно

Јакимовски: Македонските грaѓани се иселуваат зошто власта не води сметка за интересите на граѓаните

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop