Турските сили приведоа осум лица за давање информации на израелски разузнавачки елементи

April 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за внатрешни работи на Република Туркије, Али Јерликаја, соопшти дека турската полиција во рамките на акцијата „Крт – 3“ привела осуммина осомничени за кои е утврдено дека им дале информации на израелските разузнавачки елементи и дека на двајца од нив веќе им е одреден притвор, јавува Анадолу.

Јерликаја на социјалните мрежи изјави дека работата за сузбивање на шпионските активности ја спроведува Дирекцијата за борба против тероризам на полициската управа во Истанбул, под координација на главниот јавен обвинител на Истанбул, Турската разузнавачка служба (МИТ) и Генералниот директорат на безбедност.

Јерликаја наведе дека е откриено дека некои осомничени имале состаноци со израелските разузнавачки елементи и им ги пренеле информациите што ги собрале за луѓе и компании во Туркије.

Најавено е дека двајца од приведените се задржани во притвор, а за останатите шестмина осомничени се издадени судски мерки.

„Никогаш нема да дозволиме шпионски активности кои се вршат против нашето национално единство и солидарност во границите на нашата земја“, рече Јерликаја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откриена радијација во рускиот град Хабаровск

Следно

Над 200 лекари годишно го напуштаат јавното здравство

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop