Османи и Таравари заборавија на билбордите да напишат и на македонски јазик?  

April 5, 2024
1 min read

Бујар Османи и Арбен Таравари тргнаа решително во трката за претседател на Македонија. Нивните ликови се веќе и на големи билборди.

„Bujar Osmani President Euroipan!“, „Travari President“… Ова се главните зборови на рекламните билборди кои од вчера може да се видат низ Македонија како дел од изборната кампања на претседателските кандидати на коалицијата предводена од ДУИ и коалицијата Вреди. Од она што се пренесува на социјалните мрежи, воочливо е дека натписите се само на албански јазик и негово латинично писмо. Од она што можеше да се види при првата пред конференција – таков е и на специјалниот изборен автобус на Османи.

Зарем заборавија да напишат и на македонски јазик? Ова е прашање на кое двајцата кандидати треба да дадат одговор.

Може, пак, наскоро им е планот да настапат и со македонски јазик оти нели и двајцата велат дека бараат гласови од сите граѓани на Македонија, а и дека сите ги почитуваат и сите ќе ги преставуваат ако бидат избрани?

Инаку, ваквиот однос на двајцата кандидати веќе предизвика и реакции и негодување кај граѓаните на социјалните мрежи. Тие укажуваат дека со ова се крши и Законот за употреба на македонскиот јазик, конкретно неговиот член 7 кој предвидува дека „Задолжително се лекторираат на македонски стандарден јазик и на неговото кирилско писмо: плакати, летоци, проспекти, транспаренти, рекламни табли, реклами на излози или друг вид рекламен материјал…“.

Некои граѓани со свои коментари го потсетуваат Бујар Османи на тоа како своевремено пред пет години вршеше обиколка на државните институции за да провери дали истакнале табли и на албански јазик.

-Каде е Бујар сега да помине и да реагира дали се почитува Законот за употреба на македонскиот јазик, или само е за табли…“, напиша еден граѓанин.  

Дали Османи и Таравари ќе реагираат на забелешките останува да се види. 

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МТСП: За сите лица корисници на право на надоместок заради попреченост е извршена исплата без оглед на возраста

Следно

ПОЕЗИЈА И ФОТОГРАФИИ ОД АНТЕ ПОПОВСКИ ЌЕ СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ ПРЕКУ СКОПСКАТА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Latest from Blog

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи
Go toTop