На ифтар на отворено во турскиот град Едрене присуствуваа пет илјади луѓе

April 5, 2024
1 min read

ЕДРЕНЕ (АА) – Во турскиот град Едрене беше организиран голем ифтар на отворено, на кој присуствуваа пет илјади луѓе, јавува Анадолу.

Ифтарот на централниот плоштад Селимије беше организиран од Платформата за соработка со градовите на Балканот при Канцеларијата на гувернерот на Едрене, град недалеку од границата со Грција и Бугарија.

Претседателот на Управата за верски прашања (Дијанет) на Туркије, Али Ербаш, во обраќањето до присутните рече дека е среќен кога гледа дека верниците заедно ги пречекуваат ифтарите.

Тој нагласи дека Рамазан е месец на заедништво и солидарност и дека исламската цивилизација се залага за љубов и почит.

„Нашата цивилизација е цивилизација што на светот му го носи искуството на заедничкиот живот во мир со луѓе што имаат различни верувања и култури. Балканот е токму еден од најважните региони каде што ова искуство навистина се случува“, рече тој.

Гувернерот на Едрене, Јунус Сезер, истакна дека токму овој турски град претставува крстосница на патишта, граници, реки и култури и дека ја поврзува Европа со Азија.

„Вечерва со нашите браќа, пријатели и сонародници од Балканот му се радуваме на ифтарот. На ифтарска трпеза се собравме припадници на различни религии, нации и култури. Ова единство е одраз на богатството на географското подрачје на Балканот“, рече Сезер.

Челникот на Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Туркије (YTB), Абдула Ерен, истакна дека оваа организација им дава поддршка на сонародниците од Балканскиот Регион со образовни, културни и социјални проекти.

Покрај турските претставници, на ифтарот присуствуваа и дипломатски претставници на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија, Романија и други земји, верски претставници на Црна Гора, Србија, Албанија и голем број граѓани од Балканот и жители на Едрене.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: „Израел ја губи пиар-војната“

Следно

Големата кашлица „тргна“ од Скопје кон другите градови

Latest from Blog

Отворен повик за универзитетска летна пракса во Општина Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 падна за 0,66%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.838,33 поени, со дневен пад од 0,66%, односно – 65,54

Флорида планира да го затвори контроверзниот притворски центар за мигранти “Алигатор Алкатраз“

Според извештајот, службениците им кажале на добавувачите дека објектот се затвора и дека притворениците ќе бидат преместени до почетокот на јуни. Објектот, чија изградба чинеше околу 250 милиони долари, ќе биде демонтиран

Димитриеска-Кочоска за МИА: Клучните економски проекти и поддршката за граѓаните остануваат стабилни

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите
Go toTop