Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски чија судбина не се знае

April 4, 2024
1 min read

За „виновни“ денеска се огласени обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ за кривично дело „грабнување“ и пошто во скопскиот Кривичен суд им е изречена казна затвор во вкупно траење од осум години. Против нив се водеше процес за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Како што соопшти при денешната објава на пресудата, судијката Славица Наумова Јосифовска, обвинетите Виктор Милановски и Александар Трпков, кој е недостапен на органите за прогон, се виновни затоа што на 3 март 2023 на улица „Христо Татарчев“ во Скопје, заеднички извршиле грабнување со закана дека ќе го лишат од живот оштетениот Самоил Костадиновски, да се плати претходно украдената наркотична дрога – роба, за која оштетениот требало да ја плати но не ја платил и не ги предал паричните средства, додека, обвинетиот Саша Челикиќ со умисла им помогнал во извршување на кривичното дело грабнување.
Двајцата обвинети беа прогласени за виновни согласно член 141 од Кривичниот законик, за кривично дело „грабнување”, за кое е предвидена казна затвор од една до десет години.
– Согласно овие цитирани членови судот првообвинетиот, Виктор Милановски, го осудува на казна затвор во траење од пет години и десет месец во која му се смета и притворот од 13.3.2023, а на обвинетиот Саша Челикиќ му се определува казна затвор од две години и два месеци, во која му се смета и притворот од 13.3.2023 до 11.7.2023 година, рече судијката.
За истиот настан, постапката против Трпков е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.
Како што тогаш соопшти Јавното обвинителство на РСМ, на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – роба во количина од 4 килограми.
Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.
Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога.
Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осум години затвор за грабнувањето на Самоил Костадиновски

Следно

Амазон ги баталува продавниците „земи и излези“

Latest from Blog

Флорида планира да го затвори контроверзниот притворски центар за мигранти “Алигатор Алкатраз“

Според извештајот, службениците им кажале на добавувачите дека објектот се затвора и дека притворениците ќе бидат преместени до почетокот на јуни. Објектот, чија изградба чинеше околу 250 милиони долари, ќе биде демонтиран

Димитриеска-Кочоска за МИА: Клучните економски проекти и поддршката за граѓаните остануваат стабилни

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите

Скандал: САД не им даде визи на фудбалери кои треба да играат на Светското првенство!

фото: ESPN Centroamérica (X) Фудбалската репрезентација на Ирак би можела да се соочи со огромен проблем пред да оди на Светското првенство. Најновата информација е дека Соединетите Американски Држави одбиле да издадат

Димитриеска-Кочоска за МИА: Буџетот останува насочен кон економски раст и поддршка

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од
Go toTop