Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ

April 3, 2024
1 min read

Фокусирана на постигнување континуиран раст, развој и долгорочен успех, Шпаркасе Банка АД Скопје донесе одлука за проширување на менаџерскиот тим, осигурувајќи непречено продолжување на успешните активности на Банката.

Од 1.4.2024 година, нови членови на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје се Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ.
Покрај Санел Кустурица како претседател на УО и Нина Неданоска како заменик-претседател на УО, третиот член на УО, Златица Цивкароски, ќе биде надлежна за активности поврзани со стратегиско управување со ризик, активности поврзани со управување со кредитен ризик и наплата и активности поврзани со банкарски операции, додека, пак, Александар Џорџевиќ како четврти член на Управниот одбор ќе биде надлежен за активностите поврзани со информатичка технологија, како и активности поврзани со дигитални канали и организација.

Златица Цивкароски својата кариера во областа на банкарството ја започнува во 2004 година, како дел од тимот на Тетекс кредитна банка АД Скопје, учествувајќи во комплексни проекти и извршувајќи работни активности во делот на управување со ризиците, на раководни позиции. Станува дел од Шпаркасе Банка во мај 2012 година. Таа извршувала повеќе менаџерски позиции во рамки на Банката, односно во јули 2014 година е назначена за в.д. директор на Дирекцијата за наплата и управување со преземен имот, а од мај 2015 година ја добива функцијата директор на Дирекцијата за наплата и управување со преземен имот, која ја извршува сè до јули 2023 година, кога е назначена за директор на Секторот за кредитен ризик и наплата. Во својата работна кариера има посетено и завршено дополнителни тренинг и едукативни програми во областа на управувањето со ризиците, меѓу другото стекнувајќи се со групациски лиценци од оваа област.

Александар Џорџевиќ кариерата ја започнува во 2008 година во Asseco SEE, Белград, Србија, на позицијата проект-менаџер за имплементација на банкарски софтверски решенија. Во 2014 година Џорџевиќ преминува во Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – GIZ), Белград, Србија, како проект-менаџер одговорен за проектот за Реформа на системот за јавни финансии, односно управување и поддршка на целиот процес на трансформација и организациско реструктурирање на Даночната управа и на Министерството за финансии на Република Србија. Кон тимот на Ерсте и Штаермеркише Групацијата, Џорџевиќ се приклучува во мај 2019 година, на позицијата проектен и процесен менаџер одговорен за Југоисточна Европа. Директно водел комплексни програми и проекти од клучно значење за Ерсте и Шпаркасе Групацијата, а бил и стрим-лидер одговорен за ИТ и организација, за успешно водење на интеграцијата на Шпаркасе и Охридска Банка.

Шпаркасе Банка им посакува добредојде на своите нови членови во УО. Нивните свежи перспективи, иновативни идеи и непоколеблива посветеност ќе бидат насочени кон понатамошен успех на Банката. Нивната стручност и лидерство несомнено ќе нè инспирираат да достигнеме нови височини и да ги постигнеме нашите колективни цели.

Заедно, формираме силен и обединет тим, водени од заедничка визија за извонредност и посветеност да им служиме на нашите клиенти со интегритет и професионализам.

#ВерувајВоИднината

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Ковачевски претседателот Пендаровски има капацитет да победи, Мицкоски смета дека Силјановска ќе го надомести она што е пропуштено во изминатите пет години

Следно

Тајани: Предлогот на Италија јужниот фронт на НАТО да биде приоритет наиде на поддршка

Latest from Blog

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи
Go toTop