ФОТО: Објавени нови фотографии од девојчето што наликува на Данка и од жените со неа – Виенската полиција издаде соопштение

April 3, 2024
1 min read

Виенската полиција објави соопштение во кое достави две нови фотографии од девојчето од Виена кое наликува на Данка Илиќ (2).

Полицијата во своето соопштение наведува и дека роднините на исчезнатото девојче го гледале видеото направено на станицата во овој град и дека претпоставуваат дека тоа би можело да биде Данка.

Како што се наведува во полициското соопштение, тие во моментов трагаат по жени кои биле во друштво на девојче кое личи на Данка Илиќ и ги повикуваат луѓето да се обратат во полиција доколку знаат каде се наоѓаат.

polizei.gv.at

Како што се наведува во соопштението на виенската полиција, информациите се испраќаат до полицијата и на телефонскиот број 01-31310-33800 или која било полициска станица.

Данка Илиќ исчезна во вторникот на 26 март во 13 часот од дворот каде била со мајка и и брат и.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„ДУИ на избори оди со Мендух Тачи и Зијадин Села“

Следно

Итен состанок на Арапската лига за ситуацијата во Газа

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop