Зелен месец во Шпаркасе Банка!

April 2, 2024
1 min read

Под слоганот „Веруваме во зелена иднина“, а во рамките на платформата за општествена одговорност Sparkasse Life, во текот на април, месецот посветен на планетата Земја, Шпаркасе Банка почнува кампања со многубројни зелени активности како дел од својата широка зелена агенда.

Кампањата ќе трае еден месец – „Green month“, а сите вработени ќе имаат ЗЕЛЕНА цел – подигнување на свесноста за ефектите од еколошката мобилност користејќи го еколошкиот возен парк на Банката, кој се состои од велосипеди, електрични тротинети и електрични возила, или движејќи се пеш од и до работа, сè со цел активно намалување на CO2 отпечатокот и заштита на планетата Земја.

„Отсекогаш сум бил поборник за здрав живот и зачувување на животната средина, и особено ми е драго што имам можност да работам во банка со колеги со кои делиме исти вредности. Sparkasse Life е нашата платформа за општествено одговорни проекти, преку која се реализира Стратегијата за одржливост. Во платформата Sparkasse Life ги обединуваме сите иницијативи и активности што ги преземаме за заштита на животната средина“, изјави Игор Бојковски, директор на дирекција за имот, логистика и безбедност.

Состојбата со енергетската криза Банката ја управуваше на високо ниво, при што се постигнаа поставените цели за заштеда на електрична енергија и оптимално управување со ресурсите. Според анализата на потрошувачката на електрична енергија за периодот 2022/2023 година, направена е заштеда на повеќе од  200.000 kWh или 20% помала потрошувачка на електрична енергија, односно заштита на животната средина преку намалување на емисија на CО2 за приближно 60.000 кг/годишно. Исто така, преку воведување на дигитализацијата и отстранувањето на хартијата во деловното комуницирање во 2023 година, остварено е намалено користење на хартијата со заштеда за повеќе од 10% во вкупната набавка и потрошувачка на хартија, односно реализирана намалена емисија на CО2 за приближно 3.078 кг/годишно. Банката го збогати својот возен парк со две возила на електричен погон, постави два полнача за електричните возила и дополнително набави четири е-скутери за пократки дестинации.

Во текот на зелениот месец, Банката продолжува со заложбите за трансформација на експозитурите опремени со еколошко одржливи материјали и почитувајќи ги највисоките стандарди за енергетска ефикасност, управување со ресурси и отпад, исфрлање од употреба на пластика на работното место, поставување корпи за рециклирање низ централите и експозитурите за остварување позитивни ефекти и подобрување на влијанието на Банката врз околината.

За заокружување на кампањата, Банката ќе спроведе уште една зелена активност – засадување дрвја на места за пошумување во координација со организацијата „Мен енд маунтен“ и на тој начин ќе дадe дополнителен и многу значаен придонес во подобрување на животната средина, како и позитивен пример за вработените, клиентите, соработниците и за целата заедница.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема да се одржат мастер дебати на претседателските кандидати

Следно

Абазовиќ: Со проширувањето ЕУ не му прави услуга на Западниот Балкан, туку инвестира во својата безбедност

Latest from Blog

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на
Go toTop